Јавни набавки и администрација

Плата од 27.500 ден.

За компанијата: Компанијата ГАМА Градба ДООЕЛ Скопје се основа во 2007 година. Со постојан и динамичен развој се издвојува како посебна гранка од компанијата Елово комерц, којашто пак се занимава со електрика и инфраструктура и е основана во 1999 год. повеќе за компанијата »

Потребни квалификации:

  • Работно искуство: Претходно професионално искуство во изработка на тендерска документација, архивирање на документација, административно работење и сродни работи.
  • Познавање на пишан и говорен Англиски јазик;
  • Одлично познавање на MS Office пакетот, Windows, Internet.
  • Возачка дозвола- Б категорија

Опис на работни задачи:

  • Следење на објавени тендери на веб-страници и други медиуми;
  • Спремање документација за учество на тендери во согласност со барањата на тендерот и воспоставените процедури;
  • Обезбедување поддршка при подготовка на тендерска документација; 
  • Одржување на базата на податоци на фирмата;
  • Помагање во договорно, административно, финансиско и техничко следење на подготовката на тендерите;
  • Извршување широк спектар на административни задачи и поддршка, како што се координација, планирање, толкување за време на состаноците и превод на релевантни документи и кореспонденција.

Дополнителни квалификации/способности/знаење:

  • Способност за тимска работа; Организациски и комуникациски вештини; Презентациски вештини и искуство во подготовка на извештаи; Внимателна личност; Ориентираност кон детали, вештини за решавање проблеми и позитивен став кон работата.


Ваше CV, со задолжително наведување на работната позиција за кој се пријавувате, телефонски контакт и адреса на електронска пошта.

Можете да ги доставите и по електронска пошта на e-mail :  [најави се за да го видиш е-маилот]

Основна нето плата: 30.000,00 денари

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор и кои ги исполнуваат бараните услови, ќе бидат повикани на разговор.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »