НМСМ: Како успешно да се претставам на пазарот на труд ?

Националниот младински совет на Македонија објавува повик за  учесници на дводневна  обука за зајакнување на вештините за претставување на младите на пазарот на труд „Како успешно да се претставам на пазарот на труд ?“, која  ќе се спроведе во рамките на проектот  „Со вештини до можности за младите“,  поддржан од Британската амбасада во Скопје.

Обуката ќе се спроведе во Пелагониски регион (Битола).

Целта на обуката е да се зајакнат вештините за претставување на пазарот на труд преку подготовка на кратка биографија, мотивациско писмо, професионално портфолио и подготовка за интервју за работа.

Профил на учесници

20 млади на возраст од 18-29 години

Технички податоци за одржување на обуката:

Пелагониски регион – Регионална канцеларија на НМСМ – Младински културен центар – Битола

Дата на обуката: 25 и 26 јануари 2017 година

Место: Битола, адресата за одржување на обуката ќе биде дополнително   потврдена.

Јазик на кој ќе се  изведува обуката: македонски

Сите трошоци за  храна и пат ќе бидат покриени од организаторот. По потреба може да  биде обезбедено  и сместување за учесниците од други населени места, но само ако истите се во регионот каде што се одржува обуката.

Начин на пријавување

Кандидатите треба да се пријават на следниот линк и да достават кратка биографија најдоцна до  20.01.2017 до 16 часот.

Дополнителни информации

За дополнители информации  ве молиме контактирајте не на  [најави се за да го видиш е-маилот] . Организаторот го задржува правото да ги извести само примените апликанти за обуката кои ги исполнуваат горенаведените критериуми.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »