Управител на објект

Плата од 40.000 ден. до 45.000 ден.

КОИ СМЕ НИЕ

Ние сме АТЛЕТИКА германска компанија специјализирана за фитнес во домашни услови. Управуваме со канцеларија од 150м2 во Македонија, во населба Кисела Вода во Скопје.

РАБОТНО МЕСТО Канцеларијата/студиото во Кисела Вода, Скопје бара управител на објектот.

Вашите главни обврски се:

  • Помош при подготовка на фитнес фотосесии, односно организирање/преместување на фитнес производите во студиото.
  • Надгледување на функционалноста на канцеларијата, вклучувајќи го распоредот на канцеларијата, опремата и материјалите.
  • Координинација со фирмите кои нудат услуги како што се чистење, безбедност и одржување.
  • Одржување и организација на основни канцелариски записи, документи и досиеја.

ВАШИОТ ПРОФИЛ

  • Технички способна личност
  • Менталитет дека може се да се направи, без двоумење и со сигурност дека канцеларијата ќе работи непречено
  • Висок степен на самоодговорност, доверливост и организациски талент

ДОГОВОР И ПЛАТА

  • Ќе добиете македонски договор за вработување со целосно платени надоместоци и социјално осигурување.

КАКО ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ

  • Ве молам одговорете на краткиот прашалник подолу.

Што работевте претходно?
Кое е вашето ниво на образование?
Зошто мислите дека сте соодветна личност за оваа работа?
Секој има силни страни, која е твојата?
Која е вашата очекувана плата?

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »