Административен работник

За компанијата: Компанијата ГАМА Градба ДООЕЛ Скопје се основа во 2007 година. Со постојан и динамичен развој се издвојува како посебна гранка од компанијата Елово комерц, којашто пак се занимава со електрика и инфраструктура и е основана во 1999 год. повеќе за компанијата »

Потребни квалификации:
•    Образование: ВСС во областа на економија, право или градежништво ќе се смета за предност;
•    Работно искуство: Претходно слично професионално искуство во изработка на тендерска документација, искуство во областа на безбедност и здравје при работа, архивирање на документација и др.
•    Познавање на пишан и говорен Англиски јазик;
•    Одлично познавање на MS Office пакетот, Windows, Internet, познавање на Pantheon (ќе се смета за предност);
•    Возачка дозвола- Б категорија

Дополнителни квалификации/способности/знаење:
• Способност за тимска работа; Организациски и комуникациски вештини; Презентациски вештини и искуство во подготовка на извештаи; Внимателна личност; Ориентираност кон детали, вештини за решавање проблеми и позитивен став кон работата.

Опис на работни задачи:
•    Следење на објавени тендери на веб-страници и други медиуми;
•    Обезбедување поддршка при подготовка на документација за учество на тендери во согласност со барањата на тендерот и воспоставените процедури;
•    Одржување на базата на податоци на фирмата;
•    Помагање во договорно, административно, финансиско и техничко следење на подготовката на тендерите;
•    Извршување широк спектар на административни задачи и поддршка, како што се координација, планирање, толкување за време на состаноците и превод на релевантни документи и кореспонденција.

Вашата биографија, мотивационо писмо, со задолжително наведување на работната позиција за кој се пријавувате, телефонски контакт и адреса на електронска пошта, можете да ги доставите:
•    По електронска пошта на e-mail :
[најави се за да го видиш е-маилот] , [најави се за да го видиш е-маилот] , [најави се за да го видиш е-маилот]

Основна нето плата: 27.500,00

Краен рок за аплицирање: 23.03.2021 година.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор и кои ги исполнуваат бараните услови, ќе бидат повикани на разговор.
 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »