КОМЕРЦИЈАЛИСТ

За компанијата: Од 1994 година ДУНА е водечка команија присутна во бизнис секојдневието во Македонија. Со канцеларии и во Албанија и Србија. Со успешни проекти и во Косово. Посветено работиме на нашата мисија која започна... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот како слика)

ДУНА е компанија која веќе трета деценија успешно ги пресретнува потребите на бизнисите и на корисниците и пласира IT решенија и идеи на пазарите во три земји. Воедно е и компанија посветена на креирање корпоративна култура која успешно умее да предизвика кај вработенте ентузијазам за работа, креативност и желба за постигнување успеси. Тој тим има потреба да се прошири, има потреба да дојде до комерцијалисти, кои се:

  • Динамични и позитивни личности,
  • Поседуваат деловна етика и лојалност,
  • Спремни за успеси,
  • Умеат и сакаат да работат во тим,
  • Почитуваат рокови и процедури,
  • Поседуваат продажни вештини и знаења,
  • Комункацијата е нивната јака страна,
  • Спремни за лична и корпоративна континуирана надградба,
  • Има возачка дозвола за Б категорија,
  • Имаат завршено соодветно високо образование (Економски факултет или друга релевантна институција),
  • Успешно комуницираат на англиски (и друг странски јазик).

Комерцијалистот во ДУНА работи на B2B и B2C продажба. Ги познава сите решенија на ДУНА со сите функционалности и предности од нивно користење. Комуницира со потенцијални корисници. Негува професионални односи со постоечки корисници и редовно ги информира за новостите кои ДУНА може да ги понуди. Креира понуди. Одговорен е пред секторскиот раководител со кој во консултација со директорот на продажба прави неделни планови за посети. Присуствува на комерцијални состаноци на дневно ниво. Прави фактури, по прифатена понуда и има обврска за наплата на истите. Има можност да дава предлози за нови решенија кои можат да бидат понудени, да прави анализа на пазарот за нивен пласман. Го штити угледот на комапнијата и ги почитува интерните политики и корпоративна култура.

Комерцијалистот во ДУНА работи како дел од динамичен и просперитетен тим, обезбедени му се врвни услови за работа и има можнот за постојан личен и професионален развој и напредок.

Го очекуваме Вашето CV на маил:  [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака „Комерцијалист„

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »