За компанијата: Tezenis беше лансиран во септември 2003 година, во близина на Верона, Италија, со цел да се создаде бизнис во продажба на долна облека, домашна облека и пижами за мажи, жени и деца, преку продажна мрежа...
повеќе за компанијата »Се бара менаџер на продавница во Tezenis со следниве квалификации и карактеристики:
- Диплома за завршено високо образование;
- Да поседува вештини за градење на тим, како и интерперсонални вештини; аналитички вештини и вештини за планирање, фокусираност кон резултати, добри деловни вештини, дисциплинираност и учтивост.
- Солидно познавање на англискиот јазик;
- Со или без професионално искуство како менаџер на продавница;
Главни задачи на менаџерот на продавница:
- Надзор над работењето на продавницата и надгледување на соодветните услуги кон купувачите, како и познавање на квалитетот на стоката што се продава во продавницата;
- Вршење нарачки на стока согласно со упатствата дадени од управителите на Друштвото или/и одделот за супервизија;
- Обезбедување систематско поставување на стоката во продавницата;
- Распределување на работни задачи помеѓу персоналот на продавницата;
- Подготовка на распоредот за работа на работниците во рамки на продавницата, и следење на извршувањето на истиот;
- Вложување максимален труд да се зголеми продажбата во продавницата, како и да ги достигне, а доколку е возможно, и да ги надмине поставените цели;
- Обезбедување усогласеност на работната дисциплина, добрите трговски практики, заштита на потрошувачите, како и соодветно ракување со фискалните уреди;
- Упатување на купувачите кон стоката што ја бараат;
- Советување на купувачите во однос на квалитетот на понудената стока;
- Обезбедување добро трговско претставување на понудената стока;
- Осигурува достапност на етикетите и укажување на куповната цена за понудената стока;
- Комуникација со надворешните соработници на Друштвото, добавувачите на стока, административните и останатите државни органи во однос на работењето на продавницата;
- Ангажирање за деловните активности на продавницата да се извршуваат согласно со утврдените временски дозволи, како и останатите документи поврзани со работењето на продавницата;
- Нема да открива или обелоденува никакви доверливи информации или податоци во однос на гореспоменатите одговорности кон ниту една личност или правно лице;
- Одговорност за техничка и противпожарна безбедност во согласност со правилата за заштита на здравјето и безбедноста на Друштвото;
- Преземање на задолженија и задачи што спаѓаат во рамки на неговата/нејзината работна позиција или се доделени од страна на управителите на Друштвото.
Сите кандидати треба да ги достават своите биографии (CV) на англиски или македонски јазик (по можност на англиски јазик) на следниов мејл [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »