Медицински претставник / Стручен соработник

Лек Скопје е реномирана интернационална фармацевтска компанија со препознатлив бренд. Поради проширување на нашиот продажен тим имаме потреба од нови членови на позицијата:

МЕДИЦИНСКИ ПРЕТСТАВНИК / СТРУЧЕН СОРАБОТНИК

Одговорности/обврски на позицијата:

  • Остварување на зададените цели на својот терен
  • Ефективно промовирање на портфолиото за кое е одговорен
  • Редовни контакти и посета на лекари и фармацевти
  • Учество и поддршка на промотивни активности на својот терен
  • Следење на активностите на конкуренцијата
  • Поднесување на редовни извештаи за своето работење
  • Ефективна комуникација со колегите и тимска соработка
  • Градење на деловни релации со нови клиенти и водење грижа за веќе постоечките клиенти
  • Активно учество и придонес во развојот на компанијата

Профил на успешниот кандидат:

  • Завршен Медицински, Фармацевтски или Стоматолошки факултет
  • Работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност
  • Добри комуникациски вештини
  • Проактивност и ориентираност кон остварување на цели
  • Подготвеност за службени патувања
  • Способност за тимска работа
  • Познавање на Англиски јазик
  • Познавање на MS Office пакетот и интернет пребарувачите
  • Возачка дозвола Б категорија – активен возач

Компанијата нуди:

  • Oдлична можност за професионален развој за амбициозни кандидати ориентирани кон постигнување на резултати
  • Нето месечна плата од минимум 40.000,00 денари и варијабилен дел во зависност од остварени резултати
  • Полно работно време.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »