Курир (Скопје)

  • Објавен на 4.2017
  • БРЗА ПРАТКА ДОО
  • Активен до 28.04.2017
  • Позиција: Останато
  • Локација: Скопје

Поштенската компанија Брза Пратка има потреба од курири/доставувачи во Скопје.
Отворени се две работни позиции-со скратено и целосно работно време.

Курирот со скратено работно време работата ќе ја извршува од 16 до 20 часот, со службено возило, но по своја желба може и со сопствено. Платата ќе изнесува од 15.000 до 25.000 денари.

Курирот со целосно работно време работата би ја извршувал од 09 до 17 часот, со сопствено возило, а платата ќе му изнесува 30.000 денари.

Услови:

  •     Завршено средно образование
  •     Возачка дозвола Б категорија
  •     Познавање на градот (пожелно е претходно работно искуство на иста или слична позиција)

Личен профил:

  •     Вредна и одговорна личност
  •     Деловна култура
  •     Способност за индивидуална и тимска работа
  •     Лојалност и флексибилност

Одговорности и задачи:

  •     Утовар/истовар, превземање и доставување на пратки
  •     Водење на уредна документација
  •     Одговорност за проток на пратки

Вашата професионална биографија испратете ја на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака „Курир Скопје". Задолжително наведете дали аплицирате за скратено или целосно работно време.

Мејловите без назнака нема да бидат земени во предвид.

Ве очекуваме!

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »