
- Објавен пред една недела
- ЈОКИ ДООЕЛ
- Активен до 05.03.2021
- Позиција: Дистрибутер/комерцијалист/набавки
- Локација: Скопје
JОКИ ДООЕЛ заради зголемување на обемот на својата работа има потреба од проширување на својот тим. Објавуваме оглас за вработување на:
КОМЕРЦИЈАЛИСТ – УНАПРЕДУВАЧ НА ПРОДАЖБА
На огласот можат да конкурираат кандидати кои сметаат дека ги поседуваат долунаведените лични карактеристики и потребни квалификации. Работното искуство е пресудно и ке се смета за предност при носењето на конечната одлука.
Одговорности како Комерцијалист
Развој на продажбата :
- Зема нарачка во продажно место и ја евидентира електронски во софтверот
- Ги следи активностите на конкуренцијата во продажно место, идентификува можности и предлага активности за развој на продажбата
- Прибира податоци од секое продажно место во врска со степенот на продадени, дистрибуирани и присутни производи на залиха кај купувачот.
- Дава предлози за можности за соработка со определени продажно место
Договори со купувачи :
- Преговара и договара соработка со продажно место
- Подготвува годишни договори и анекси на договори за продажно место
- Води евиденција на склучени договори со купувачи
Потребни квалификации:
- Минимум завршено средно образование
- Претходно работно искуство на иста или слична позиција во оваа област ( централно греење, климатизација,соларна енергија)
- Работно познавање од компјутери (MS Office пакет)
- Возачка дозвола Б – категорија, активен возач (минимум 2 години)
- Познавање на англиски јазик
Очекувани вештини и способности:
- Одлични комуникациски и преговарачки вештини
- Организациски и аналитички способности
- Мотивирана и стабилна личност
- Динамични, иницијативни и насочени кон резултати
- Ориентираност кон клиенти
- Способност за индивидуална и тимска работа
- Флексибилност за работа на терен
На одбраните кандидати Јоки им нуди
- можност за стално вработување, сигурна плата и други можности за развој
- Исплата на регрес за годишен одмор согласно услови за стекнување на правото на регрес
- Награди и бонуси согласно покажани резултати
- Постојана поддршка и помош од вработените во периодот потребен за адаптација
- Сопствено возило за извршување на работните обврски
- Можност за напредок доколку кандидатот покаже желба, знаење и способност да се носи со своите работни обврски
Почетна плата од 30,000 денари
Вашето CV испратете го на: [email protected]