Медицинска сестра - Аеродром Св. Апостол Павле - Охрид

За компанијата: ТАВ Аеродроми обезбедуваат интегрирани услуги во сите области на аеродромското работење и во глобални рамки управуваат со 91 аеродром во 26 земји. Како членка на групацијата ADP, ТАВ Аеродроми е дел од... повеќе за компанијата »

Ако сакате да станете дел од семејството на ТАВ аеродроми кое е интернационално распространетo, ако сте спремни да се соочите со предизвиците на аеродромскиот сообраќај, да учите од професионалци во своите области, да се здобиете со сертифицирани дипломи во авионската индустрија и секако да напредувате во својата област, прочитајте понатаму...

ТАВ Македонија, Аеродром Св. Апостол Павле - Охрид како дел од ТАВ Аеродроми во моментов е во потрага по нов вработен за позицијата:

            Медицинска сестра 

ОСНОВНИ ОДГОВОРНОСТИ

  • Врши примарна триажа и укажува итна медицинска помош (во итни случаеви, го следи докторот и постапува според неговите упатства)
  • Укажува стручна прва медицинска помош
  • Врши секојдневна амбулантна дејност
  • Во случаи на итност учествува во медицинскиот транспорт на заболен или повреден пациент до соодветна здравствена организација
  • Следи одредени достигнувања од областа на медицината и нивната примарна пракса
  • Организира транспорт од и до воздухопловот на акутно заболени патници, MEDA и стречери, како и на хендикепирани патници од категоријата WCHC, WCHS и WCHR, но само доколку нивната хендикепираност е резултат на акутно заболување или повреда која побарува медицинска помош

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Средно Образование  (IV степен)
  • Положен стручен испит (медицинска сестра)
  • Сертификат за познавање на Англиски јазик - мин. ниво Б1
  • Најмалку 2 години работно искуство
  • Организациски вештини и тимска работа

Нудиме динамична и стимулативна средина, како и професионален предизвик.

Сите заинтересирани кандидати можат да го испратат своето CV на  [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака: ОХРИД

Ве молиме имајте во предвид дека само избраните кандидати ќе бидат контактирани.

Во очекување сме на Вашите апликации!

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »