(преземи го огласот во Word)
Скопски Легури ДООЕЛ е производител на феролегури. Заради рестартирање на производствениот процес отворени се нови работни места.
Скопски Легури бара Електричари
Очекувани квалификации, потребни знаења и способности:
- Потребна стручна спрема: ВКВ Електричар или електротехничар;
- Работно искуство од минимум 2 години;
- Должен е стручно да е оспособен за извршување на работните задачи од работното место.
Главни одговорности и обврски:
- Обезбедување и поддршка за правилна состојба, безбедно и сигурно функционирање на електричната опрема;
- Монтажа на нови електрични мрежи до 0,4 кВ;
- Спроведување на тековно и планско одржување и ремонти на електрична опрема;
- Детектирање на причини на степен на истрошеност на електрична опрема и превземање на мерки за нивно предупредување и елиминирање;
- Отстранување на неисправности во работа на електроопремата, нивен ремонт, монтажа и регулациjа.
Компанијата нуди:
Работа со редовно работно време од 40 часа неделно, прва смена, со обезбеден оброк, годишен одмор од 24 работни дена, во конкурентна средина и одличен финансиски надомест со потенцијал за напредување.
Заинтересирани апликанти, Ве покануваме да ја доставите вашата Биографија на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака за - Оглас за Електричари, апликациите ќе се прифаќаат до 28.03.2023 година.
Само потесно селектирани кандидати ќе бидат контактирани.
Ви благодариме за вашиот интерес.