МЕНАЏЕР ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

PHOENIX Group е реномирана мултинационална компанија која нуди единствени и сеопфатни здравствени услуги на фармацевтските производители, аптеките, болниците и пациентите, опфаќајќи го целиот синџир на набавка во фармацевтската индустрија во 27 земји ширум Европа.

Членки на групацијата PHOENIX на пазарот во Македонија се ФЕНИКС Фарма, како водечки дистрибутер кој се грижи фармацевтските производи да бидат на вистинско место и во вистинско време, и ЕЛ Фарма која нуди услуги како ексклузивно застапништво на реномирани фармацевтски производители. 

Доколку сте прилагодливи, сакате предизвик, имате  позитивен и професионален пристап кон работата, Ве повикуваме да се приклучите на нашиот тим на работно место:

МЕНАЏЕР ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Обврски и одговорности:

  • Координирање на процесите во секторот за човечки ресурси, имплементација на корпоративните активности и барањата поврзани со човечки ресурси во Феникс и ЕЛ Фарма Македонија
  • Имплементација на процедурите за човечки ресурси
  • Одговорно лице пред екстерни и интерни ревизии за функционирањето на сите процеси за човечки ресурси
  • Одговорен за буџетирање на трошоците во човечки ресурси и бројот на вработени
  • Регрутација и селекција според планот и потребите на организацијата
  • Учество во социјализација и ориентација на нови вработени
  • Реализација на планот за обука и развој
  • Реализација на PMP
  • Учество во регионални проекти за човечки ресурси

Потребни квалификации:

  • VII степен – психологија или економска насока
  • Минимум 2 години искуство во човечки ресурси 
  • Одлично познавање на англиски јазик

Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, со почеток од 08:00 до 16:00 часот. Неделното работно време е од понеделник до петок.

Доколку сметате дека ги исполнувате горенаведените услови, пратета ја својата пријава на e-mail [најави се за да го видиш е-маилот]

Рок на пријавување 10 дена од датумот на објавување на огласот.

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »