Супервизор за малопродажба

За компанијата: Офис Плус е водечка компанија во Македонија за продажба и дистрибуција на канцелариски материјали, ИТ, канцелариски мебел, промоција, патни торби и училишна опрема. Компанијата работи на сите канали на... повеќе за компанијата »

Офис Плус, Водечка компанија во Македонија за продажба и дистрибуција на канцелариски материјал, ИТ, канцелариски мебел, промоција, патни торби и училишна опрема, 

Има потреба да вработи:

Сега имате одлична можност да бидете

СУПЕРВИЗОР ЗА МАЛОПРОДАЖБА

Одговорности и задачи:

  • Контрола на продавниците низ земјата и Скопје, посета и теренска контрола.
  • Анализа на продажба, релокација на производи, сезоналитети,
  • Следење на состојба на залихи, материјално финансова контрола.
  • Следење на процесите, редот, уредноста во малопродажба.
  • Комуникација со вработените во малопродажба, распоред на смени, одмори, спорови.
  • Решавање проблеми со клиенти, рекламации, сервис.
  • Обука и воведување на вработени во малопродажба.
  • Познавање на соодветните закони кои допираат малопродажба, работа со инспекции.

Потребни квалификации:

  • Високо образование ( Економски факултет – сметководство и ревизија, финансиски менаџмент или е-бизнис), дипломиран или пред дипломирање или средно образование со искуство.
  • Со или без работно искуство, претходно искустви ќе се смета како предност.
  • Напредно ниво на познаење на работа на компјутер (Ms Office, excel, Internet)
  • Познавање на Англискиот јазик, особено деловната комуникација
  • Возачка дозвола Б-категорија – активен возач

Профил на личност:

  • Одлични аналитички способности
  • Одлични комуникациски и организациски вештини
  • Организираност, одговорност, лојалност и ориентираност кон цели
  • Самоиницијативност при извршување на работните задачи
  • Способност за тимска работа
  • Способност за работа под притисок

Испратете ваша биографија (CV) и мотивационо писмо, на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака „СУПЕРВИЗОР ВО МАЛОПРОДАЖБА”

Само одреден број на селектирани кандидати ќе бидат известени и повикани на тестирање и разговор.

Со испраќањето на вашето CV дозволувате истото да се чува и за намена вработување на исти и слични работни позиции.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »