За компанијата: Заслужуваш кариера која ја исполнува твојата цел. Заслужуваш да сонуваш без ограничувања. Биди дел од нешто поголемо од тебе, придружи се на тимот каде што секој има глас. Биди инспириран од можностите и откриј ја својата иднина. Почни ја својата цел, придружи се на нашата глобална заедница.
повеќе за компанијата »(преземи го огласот како PDF)
Одговара на барањата за поправка. Комуницира со гостите/клиентите за да ги реши проблемите со одржувањето. Изведува превентивно одржување на алатите и опремата, вклучувајќи чистење и подмачкување. Врши визуелна проверка на алатите, опремата или машините. Носи опрема (на пример, алат, радио). Идентификува, лоцира и управува со сите затворачки вентили за опремата. Ги одржува инвентарот за одржување и потребните делови и залихи по потреба. Евидентира информации за незавршени работи пред промена на смената.
Ги следи сите политики и процедури на компанијата за безбедноста; пријавува било какви проблеми со одржување, безбедносни опасности, несреќи или повреди; завршува обука за безбедност и заштита при работа; правилно ги складира запаливите материјали. Се грижи за сопствениот изглед, изгледа уредно и професионално, ги заштитува информациите и средствата на компнијата. Ги поздравува гостите согласно стандардите на компанијата, ги предвидува и одговара на потребите и барањата на гостите, им помага на лицата со посебни потреби. Се придржува кон стандардите за квалитет. Развива и одржува позитивни работни односи со колегите, обезбедува поддршка на тимот со цел постигнување на зеднички цели, слуша и одговара соодветно на проблемите на колегите. Комуницира користејќи јасен и професионален вокабулар. Се движи, крева, носи, турка, влече и поставува предмети со тежина помала или еднаква на 23 кг без помош. Се движи нагоре и надолу по скали и сервисни рампи. Посегнува над главата и под колената, вклучувајќи виткање, извртување, влечење и наведнување. Врши други разумни работни должности на барање од супервизорите.