Издавачко друштво САКАМ КНИГИ лого

Додај во омилени

Добивај е-маил известувања за секој нов оглас.

Книжар/ка - Лептокарија

За компанијата: Сакам книги е издавачка куќа која го следи трендот на книгите - секогаш со нови и феноменални изданија, преводи на нови книги по многу прифатливи цени. Издавачката куќа Сакам Книги ја водат неколку едноставни... повеќе за компанијата »

Внимание, внимание:  Бараме некој што знае да препорача приказна затоа што ние им помагаме на луѓето да ја пронајдат токму онаа приказна што ќе ги насмее, расплаче, инспирира или ќе им го промени денот.

Затоа бараме човек кој...

  • Сака луѓе исто колку што сака книги.
  • Лесно започнува разговор и уште полесно создава доверба.
  • Не чека купувачот да праша, туку знае да препорача книги што совршено ќе му „легнат“.
  • Сака да учи, да чита, да се развива и да станува сè подобар секој ден.
  • Не се плаши од работа, затоа што знае дека секој успех доаѓа со труд.

Кај нас продажбата не е притисок.

Продажбата е искрен разговор. Продажбата е препорака од срце. Продажбата е кога некој ќе се врати и ќе каже: „Книгата што ми ја препорача беше неверојатна.“

Што бараме?

  • Не бараме совршено CV.
  • Не бараме години искуство.
  • Бараме сериозна, одговорна и стабилна личност која бара место каде што ќе остане, ќе расте и ќе напредува.
  • Не бараме сезонски работници. Бараме иден колега или колешка што ќе стане дел од приказната на Сакам Книги.

Што добиваш?

  • Работа меѓу книги.
  • Тим што секојдневно си помага.
  • Континуирана едукација.
  • Можност за напредување.
  • Награда според твојот труд, резултати и посветеност.

Ние знаеме да препознаеме кога некој дава повеќе. И знаеме тоа соодветно да го вреднуваме.

Ако мислиш дека ова е работа од соништата... испрати ни ја твојата биографија.

Можеби токму ти си личноста што ќе му ја препорача следната омилена книга на некого.

❤️ Во Сакам Книги не бараме само книжар. Бараме човек што ќе ги поврзува луѓето со приказните што ќе ги паметат цел живот.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »