Одговорности:
- Организирање на работата во Центарот за правна помош;
- Обезбедување на основни правни информации, совети и поддршка за жртви на семејно насилство;
- Редовно водење на базата на податоци;
- Координирање на активностите помеѓу стручните лица во Центарот за правна помош (адвокат и психолог);
- Подготовка на периодични извештаи од работењето на Центарот за правна помош;
- Помагање на адвокатот при подготовка и застапување на стратешки случаи на прекршување на женски човекови права, вклучувајќи и случаи на семејно насилство;
Потребни квалификации:
- ВСС, VII степен на Правен факултет,
- Солидно познавање на англиски јазик;
- Солидно познавање на Microsoft office (Microsoft Word, Excel и Power point);
- Добро разбирање на основните аспекти на заштита на женски човекови права ќе се смета за предност;
Вид и висина на договор за вработување
Работното место е на определено време во траење од 12 месеци врз основа на хонорар, со можност за продолжување.
За работното место предвиден е месечен надоместок во нето износ од 22.000 МКД.
Огласот трае 7 (седум) дена.
Заинтересираните кандидати треба да достават кратка биографија, писмо за мотивација и Уверение за завршени студии или копија од индекс до Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ) Скопје на e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака "Оглас за работно место асистент во ЦПП".
Само оние кандидати кои ќе ја поминат првичната селекција ќе бидат повикани на тестирање и интервју. Нецелосните апликации нема да бидат земени предвид. Ве молиме во апликацијата да ги вклучите Вашите контакти, односно телефонски број и e-mail адреса.