Брокер за индустриски простор

ФОРТОН Македонија е водечка компанија во секторот на комерцијален недвижен имот, формирана како член на алијансата на Cushman & Wakefield (најголема светска приватна консултантска компанија во секторот на комерцијални недвижнини). За потребите на секојдневното-оперативно работење и зголемен интензитет на активности, го проширува својот тим. За таа цел отвара нова работна позиција: 

 

Брокер за индустриски простор со долунаведените спецификации.

 

Базични информации:

  • Официјален старт на работната позиција: 15ти Април, 2018г.
  • Работно време: 8 часа/дневно (Понеделник-петок)
  • Бруто плата: 64,450 ДЕН (опција за дополнителни бонуси зависно од перформанси)

 

Потребни квалификации, поврзани со активностите на позицијата:

  • Одлично познавање на работа со компјутери и MS Office пакетот (Word, Excel, Outlook, Power Point и др.)
  • Задолжително познавање на англиски јазик
  • Организациски и аналитички способности при креирање на извештаи
  • Извршување на административни активности (data entry)
  • Изработка на дневни, неделни и месечни извештаи за сегмент – индустриски простор
  • Идентификување на објекти од сегмент – индустриски простор
  • Идентификување на нови бизнис можности и потенцијални клиенти
  • Директно водење на преговори во процесот на продажба и изнајмување на индустриски простор
  • Нуди ефикасни решенија за клиентите и се грижи за нивните потреби
  • Анализа, сортирање и процесирање на информации од доменот на недвижности

 

Личен профил:

  • Минимум 4 години работно искуство во продажба со корпоративни клиенти
  • Одлични комуникациски и презентациски способности
  • Изразено практикување на деловна етика

 

Потребна документација за аплицирање:

  • Ваша професионална биографија (CV на македонски и англиски јазик)

 

Финален временски рок за поднесување на апликацијата:

 

Напомена:

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »