Магационер

За компанијата: Компанијата ЕЛТА 90 МОЛЕКУЛАРНА МЕДИЦИНА ДОО Скопје (ELTA 90 Molecular Medicine) дел од ЕЛТА 90 групацијата, присутна на пазарот во Македонија од Април 2015 година е една од водечките компании во делот... повеќе за компанијата »

Компанијата ЕЛТА 90 МОЛЕКУЛАРНА МЕДИЦИНА ДООЕЛ Скопје (ELTA 90 Molecular Medicine)  дел од ЕЛТА 90 групацијата, присутна на пазарот во Македонија од Април 2015 година е една од водечките компании во делот на продажбата на медицински помагала и лабораториска опрема од областа на молекуларната биологија, патологија, микробиологија и ин витро оплодување

ЕЛТА 90 на ниво на групација е присутна во повеќе земји што овозможува чекор понапред во следењето на светски трендови од областа на: молекуларна биологија, стоматологија, ветеринарна медицина, фармација, биохемија, прехранбена технологија и биотехнологија.

Во ЕЛТА 90 работи високо мотивиран и квалификуван кадар, со особено искуство во областа на својата професионална распределба, кои несебично го користат своето знаење во насока на пронаоѓање на соодветната медицинска опрема и идеални решенија за потребите на клиентите. Како резултат на континуиран развој, имаме потреба од:

Магационер

Одговорности и задачи:

  • Задолжен за прием, складирање и издавање на роба (утовар / растовар)
  • Работа во EXIM (поднесување дозволи) 
  • Задолжен за комплетна организација на магацинот.
  • Подредување, грижа и одговорност за производите во магацинот, и комплетна организација на магацинот.
  • Одржување на ред и организираност на магацинот
  • Сортирање и припрема на робата за испорака, согласно документацијата 
  • Квалитативен  и квантитативен преглед и проверка на производи
  • Испорака на роба која се испорачува со сопствени возила 
  • Прави припрема на производите на испорака, лепење на декларации.

Потребни квалификации:

  • Завршено средно образование
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Познавање на Англиски Јазик се смета за предност

Што нудиме:

  • Работа на интересни, интернационални проекти и активности секојдневно
  • Дел од динамична работна култура
  • Континуираниот раст подразбира постоење на многу можности за развој
  • Позитивна, динамична и мотивирачка работна атмосфера
  • Можност за стручни и едукативни обуки

Доколку сте заинтересирани испратете ја вашата кратка биографија CV со назнака за работната позиција за која аплицирате најдоцна до 10.09.2021 на  email:  [најави се за да го видиш е-маилот] .

Сите апликации се третираат со високо ниво на доверливост. Само кандидатите кои се избрани во потесен круг ќе бидат контактирани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »