Дипломиран Правник

За компанијата: ПРОФИ КРЕДИТ Македонија е дел од меѓународната финансиска групација Profireal Group која почнува со работа во 1994 година и својот бизнис го шири со канцеларии во Чешка, Полска, Словачка, Бугарија, Русија... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот во Word)

Дипломиран Правник

Ако сте енергична, позитивна, одговорна личност со желба за развој. Ако сте динамична личност, која се стреми кон најдобри резултати и суштински мотивиран да успее, тогаш ВИЕ сте вистинскиот кандидат за нас.

Кои сме ние:

ПРОФИ КРЕДИТ Македонија е дел од меѓународната финансиска групација Profireal Group која почнува со работа во 1994 година и својот бизнис го шири со канцеларии во Чешка, Полска, Словачка, Бугарија, Русија и Филипини.

Во Р.С Македонија, компанијата почнува со работа од Февруари 2023 година и се стреми да биде една од најдобрите финансиски компании.

Доколку ве заинтригиравме и сакате да станете дел од нашиот тим, ја чекаме Вашата биографија. Податоците испратени од вас ќе се разгледуваат и чуваат под строга доверливост во согласност со барањата на Законот за заштита на лични податоци. Успешните кандидати ќе бидат поканети на интервју.

Од што се состои работата:

  • Следење и применување на законските и подзаконските прописи,
  • Вршење административно-технички работи
  • Подготовка на договори за вработување и други акти од областа на човечки ресурси
  • Коресподенција и застапување на компанијата пред надлежни органи и институции
  • Подготовка на предмети за присилна наплата
  • Комуникација со институции (адвокати, нотари, извршители...) поврзани со присилна наплата
  • Комуникација со клиенти за наплата по вонсудски пат

 

Што ви нудиме:

  • Работа со договор за вработување;
  • Бонуси, врз основа на постигнатиот резултат;
  • Дополнителни бенефиции...
  • Можност за професионален развој;
  • Внатрешна обука базирана на најдобрите европски практики.

Што се очекува од вас:

  • Да сте Дипломиран Правник (со или без работно искуство) и без положен правосуден испит;
  • Да  ​​бидете комуникативна и одговорна личност, со желба за развој;
  • Да имате основна компјутерска писменост (MS Office);
  • Да бидете организирани и позитивни;
  • Да сакате да работите во динамична средина.

Ве очекуваме...

 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »