Стручен медицински соработник

За компанијата: PharmaS е хрватска компанија за производство и продажба на фармацевтски производи основана кон крајот на 2008 година, а со RALU логистика, Favarger, LURA инвестиции и LURA недвижен имот, е една од фирмите-членки... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот како PDF)

Позиција

Стручен медицински соработник во PharmaS

За потребите на претставништво на хрватската фармацевтска компанија PharmaS во Македонија бараме Стручни медицински соработници (м/ж), за работа на определено/неопределено време.

Од кандидатите се очекува да покажат ентузијазам за понатамошно развивање на бизнис операциите на пазарот и да бидат подготвени за имплементирање на најдобрите практики во сите области на работата.

Одговорности:

  • Остварување на предвидениот план за продажба
  • Спроведување на предвидените маркетинг активности
  • Промоција, презентација и продажба на фармацевтски производи
  • Посета на лекари и фармацевти во зададениот регион
  • Постојан професионален развој и стручно унапредување преку присуство на конференции и семинари
  • Градење на добри релации со клиентите и репрезентирање на компанијата PharmaS и производите
  • Поднесување на извештаи за посетите на клиентите, продажбата, трошоците и промотивните активности во зададениот регион

 

Потребни квалификации:

  • Универзитетска диплома VI степен (медицина, фармација, стоматологија, ветерина) или средно медицинско училиште
  • Одлично познавање на MS office пакетот и интернет пребарувачите
  • Одлични организациски способности и вештини на планирање
  • Одлични комуникациски и презентациски вештини
  • Одлично познавање и непречена комуникација (писмена/усна) на: Англиски и Хрватски/Српски јазик
  • Валидна возачка дозвола (Б-категорија)

Профил на идеалниот кандидат:

  • Има работно искуство на иста или слична позиција и го познава на теренот
  • Подготвен за патување
  • Ориентиран кон резултати
  • Посветен на работата и реализација на зададените цели
  • Добар слушател и комуникативен
  • Лојален и дискретен
  • Отворен и искрен
  • Тимски играч

Компанијата ќе ви овозможи:

  • Можности за градење на кариера во успешна брзорастечка глобална компанија
  • Интересна и динамична работна средина со можност за напредување
  • Обуки и комплетни услови за успешно завршување на работните задачи
  • Конкурентен паричен надоместок соодветен на постигнатите резултати  

Доколку сте заинтересирани да станете дел од нашиот тим и ги исполнувате горенаведените услови потребно е да испратите резиме на македонски или на англиски јазик (кратка биографија) со фотографија, мотивациононо писмо како и уверение за завршено соодветно образование, најдоцна до 20.03.2023 година на е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот]

Ве молиме без телефонски јавувања.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »