Специјалист за набавка

За компанијата: Ние имаме 40 канцеларии во 20 земји и воедно сме зачетници во професионалното советување на територијата на источна Европа. Нашата разгранета мрежа и широката палета на услуги кои ги пружаме гарантира... повеќе за компанијата »

HILL Skopje за нашиот клиент WURTH Macedonia, бара самостојна, организирана и проактивна личност за позицијата Специјалист за набавка.

Нашиот клиент WURTH Macedonia е дел од меѓународната WURTH Група со седиште во Германија и Швајцарија која се занимава со продажба на технички производи со примена во авто, метална, дрвена индустрија и градежништво. Поради проширување на нивниот тим во Скопје, бараме

                                                          Специјалист за набавка

Одговорности:

  • Активно учество во целокупниот процес на набавки
  • Анализирање на пазарот за достапност на тековни и идни набавки
  • Подготвување на нарачки за набавка на производи
  • Следење и анализа на постоечкиот лагер на производи
  • Одржување контакт со добавувачи и организација на транспорт
  • Подготовка на извештаи поврзани со достапност на артикли и залиха

Квалификации:

  • BCC од областа на организациски науки или технички науки
  • Одлично познавање на Англиски јазик и MS Office
  • Возачка дозвола Б – категорија
  • Интерес и искуство во решавање на нумерички задачи

Компанијата нуди одлична можност за професионален развој во динамична и тимски ориентирана средина која промовира достигнувања, успех и ориентација кон купувачот.

Доколку сметате дека ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија најдоцна до 17.08.21, со назнака за позицијата.

                                            E - mail: [најави се за да го видиш е-маилот]

                                                                     www.hill.mk

                                         Хилл Скопје, Анастас Митрев 26/4, 1000 Скопје

                                                       тел/факс: 02/3296-481

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »