Дивајн: Архитект

За компанијата: ДИВАЈН е full-service компанија посветена на создавање моќни решенија ориентирани кон иднината кои инспирираат со својата единственост. повеќе за компанијата »

ДИВАЈН Проектирање и инженеринг за потребите на својата производствена линија за мебел објавува оглас за АРХИТЕКТ:

Потребни квалификации:

  • Завршено релевантно високо образование.
  • Најмалку 5 години претходно работно искуство во областа во проектирање и изведба на ентериери и екстериери, како и дизајн и производство на мебел.
  • Задолжително одлично познавање и активно работење во AutoCAD, ArchiCAD, Corel Draw и апликациите од MS Office пакетот.
  • Одлично познавање и активно работење во 3D Studio Max или слична апликација за 3D моделирање, визуелизација и материјализација на ентериер и екстериер, мебел и елементи за внатрешно уредувањe ќе се смета за предност.
  • Овластувања А и В за проектирање и вршење на стручен надзор при изведба.
  • Oдлично познавање и активно користење на англиски и/или германски јазик (пишан и говорен).

 

При аплицирањето задолжително е кандидатите да приложат примероци од овластувањата и да достават сопствено портфолио или истото да го достават на увид.

Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат наведените квалификации потребно е да достават (по пошта или e-mail) кратка биографија (CV) со наведување на позицијата за која аплицираат и скорешна фотографија, најдоцна до 30.04.2017 год. на:

 

ДИВАЈН Производство за мебел,

ул. Борис Трајковски бр. 316, 1000 Скопје 

e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]

www.divajn.com

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »