Плата од 35.000 ден. до 45.000 ден.
За компанијата: Нашата работа е водена од визијата за родово, социјално, еколошки праведни општества, национално и глобално, каде луѓето можат да живеат слободен, достоинствен живот и активно да учествуваат во градење...
повеќе за компанијата »Опис на работната позиција
Реактор – Истражување во акција има потреба од координатор/ка за комуникации и застапување кој/а ќе ги координира комуникациските и застапувачките активности на организацијата. Сметаме дека ова е интересна можност за кандитдат/ки со значително искуство во областите на комуникации и застапување, кои сакаат да го употребат своето искуство во правец на подобрување на јавните политики во земјата, а со тоа и унапредување на заедницата. Работно искуство во невладина или меѓународна организација и запознаеност со механизмите за влијаење врз политики на локално и национално ниво ќе се сметаат за предност, но не се пресудни и ги поттикнуваме сите заинтересирани кандидат/к/и кои ги исполнуваат условите за позицијата да се пријават. Позицијата предвидува полно работно време (40 часа неделно), а ангажманот е во времетраење од минимум 9 месеци (замена за време на породилно отсуство).
Позицијата овозможува можности за личен развој и надградба, компетитивна компензација, флексибилно работно време и динамична работна средина во која се земаат предвид потребите на вработените и балансот помеѓу приватниот и работниот живот.
Предвидени задачи (опис на позицијата)
- Имплементација на стратегијата за комуникација и застапување, во соработка со раководниот тим;
- Подготвување и спроведување кампањи за публикации и веб страни, како и идентификување соодветни промотивни механизми и платформи, во соработка со програмскиот тим;
- Координација и логистика за промоции, конференции, конференции за медиуми и други настани;
- Развивање и имплементација на стратегија за социјални медиуми која ќе биде во склад со основната комуникациска стратегија на организацијата, подобрување на присуството и видливоста на организацијата на социјални медиуми, во соработка со програмскиот персонал;
- Развивање и одржување односи со медиуми и комуникациски платформи на национално и регионално ниво;
- Подготовка на комуникациските материјали како соопштенија за медиуми, брифинзи, билтени, годишни извештаи, како и комуникациски пакети наменети за донатори;
- Учество во подготовката на сите печатени и електронски излезни материјали на организацијата;
- Надгледување на работата на надворешни соработници за креативни решенија, дизајн на публикации и други продукти, како и нивно координирање;
- Претставување на организацијата на релевантни застапувачки активности, состаноци и настани;
- Извршување на други задачи во согласност со потребите на организацијата.
Потребни квалификации
- Најмалку 3 годишно релевантно работно искуство;
- Завршени додипломски студии од областа на комуникации, политички науки, родови студии или друга релевантна област. Работно искуство и/или дополнителни неформални обуки за комуникации ќе бидат земени во предвид наместо универзитетска диплома во посочените области. Повисоки образовни достигнувања можат да бидат предност, но не се одлучувачки при изборот.
Квалификации: Технички вештини
- Напредно познавање на MS Office: Word, Excel, PowerPoint;
- Запознаеност со алатки за визуелизација на податоци, дигитални алатки и софтвери за дизајн (предност)
- Напредни вештини за користење социјални медиуми.
Квалификации: Знаење и други вештини
- Одлични писмени и вербални комуникациски вештини на македонски и англиски јазик; познавање на албански јазик ќе се смета за предност;
- Запознаеност со политичкиот контекст во државата, особено во областите на делување на организацијата (ќе се смета за предност, но не е пресудно);
- Способност за сумирање и претставување на комплексни истражувачки наоди во лесно разбирливи текстови и пораки;
- Вештини за развивање на стратегии и креативни кампањи.
- Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
- Проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;
- Способност за истовремено управување со повеќе задачи, проектни активности во динамична работна средина;
- Докажани способности за планирање и организација, и имплементација на активности од зачеток до финално известување;
- Способност за тимска работа во средина во која се почитуваат и промовираат различностите.
Како да се пријавите
За да се пријавите, Ве молиме подгответе:
- CV (на англиски јазик)
- Мотивациско писмо (на македонски јазик) за Вашиот интерес и квалификации за позицијата, во кое би сакале да прочитаме за тоа како Вашето досегашно работно искуство е релевантно за потребните знаења, вештини и работните задачи предвидени за оваа позиција (не повеќе од 250 зборови)
- Пример или извадок од Ваш пишан труд, текст, статија и слично (на англиски или македонски). Ве молиме да не праќате повеќе од три вакви примери. – незадолжително, да се прати само доколку имате (на апликациите со приложени примери на пишани трудови нема да им се даде предност, но ова е одлична шанса да покажете дека исполнувате дел од квалификациите)
Вака подготвената пријава треба да ја пратите по електронска пошта на [најави се за да го видиш е-маилот] со наслов КООРДИНАТОР/КА ЗА КОМУНИКАЦИИ. Рокот за пријавување е заклучно 16 декември, 2024 година. Само кандидат/к/ите кои ќе ја поминат првата фаза на разгледување на пријавите ќе бидат контактирани и повикани на интервју.
Слични огласи »