СИСТЕМ АДМИНИСТРАТОР

За компанијата: Од 1994 година ДУНА е водечка команија присутна во бизнис секојдневието во Македонија. Со канцеларии и во Албанија и Србија. Со успешни проекти и во Косово. Посветено работиме на нашата мисија која започна... повеќе за компанијата »

Активни огласи од ДУНА ДОО:

Сервисер на мултифункциски уреди

(преземи го огласот како слика)

 

ДУНА е компанија која веќе трета деценија успешно ги пресретнува потребите на бизнисите и на корисниците и пласира IT решенија и идеи на пазарите во три земји. Воедно е и компанија посветена на креирање корпоративна култура која успешно умее да предизвика кај вработенте ентузијазам за работа, креативност и желба за постигнување успеси.

Тој тим има потреба да се прошири,  со:

 

Систем администратор 

 

Потребни квалификации:

  • Динамична и позитивна личност,
  • Поседува деловна етика и лојалност,
  • Спремен за успеси,
  • Умее и сака да работи во тим,
  • Почитува рокови и процедури,
  • Спремен за лична и корпоративна континуирана надградба,
  • Има возачка дозвола за Б категорија,
  • Има завршено соодветно високо образование (Електротехнички факулетет или друга релевантна институција),
  • Има посетувано неформални обуки во сферата и поседува сертификати за положени испити од истите;
  • Постојано ги следи трендовите во својата област и има интерес за постојана надградба;
  • Има работено на иста или слична позиција најмалку 3 години;
  • Успешно комуницира на англиски (и друг странски јазик).

 

Работни обврски:

  • Поддржува LAN, WAN, мрежни сегменти, интернет и интранет системи,
  • Ја одржува ефикасноста на системот, постојано е сигурен дека дека дизајнот на системот овозможува непречено сите компоненти да работат заедно и правилно,
  • Успешно се справува со решавање на пријавени проблеми и од корисници,
  • Следи трендови во неговата област и дава препораки за идни надградби на системот,
  • Одговорен е за одржување на безбедноста на мрежата и на целиот систем во ДУНА, 
  • Дава оценка за потреба од менување на перформансите на системот,
  • Одговорен е да мрежното поврзување низ инфраструктурата на комапнијата е во согласност и на исто ниво со техничките потреби, 
  • Дизајнира и распоредува мрежи, 
  • Одржува мрежни сервери,
  • Администрира сервери, компјутери, принтери, рутери, прекинувачи, телефони, распоредување на софтвер, безбедносни надградби,  
  • Го штити угледот на комапнијата и ги почитува интерните политики и корпоративна култура.

 

Систем администраторот во ДУНА работи како дел од динамичен и просперитетен тим, обезбедени му се врвни услови за работа и има можнот за постојан личен и професионален развој и напредок.

Контактирајте преку достава на вашете CV на маил:  [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака „Систем администратор“.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »