ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ

(преземи го огласот како PDF)

Европа Лек Фарма е регионален лидер во Југоисточна Европа кој нуди услуги за странски партнери, како што се маркетинг, регистрација, консигнација, логистичка поддршка на клинички испитувања и дистрибуција. Како дел од германската групација PHOENIX, која е водечка веледрогерија во 26 земји ширум Европа, секојдневно придонесуваме за подобра и побезбедна здравствена услуга, опфаќајќи го целиот синџир на набавка во фармацевтската индустрија, од производителите на фармацевтски производи, сѐ до аптеките, докторите, болниците и пациентите.

За повеќе информации посетете ја групациската интернет страница www.phoenixgroup.eu или страницата на ЕЛ Фарма www.elpharma.com

Ве повикуваме да се приклучите на нашиот тим, на работно место

ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ

Потребни квалификации:

  • економски техничар или VII степен - економски факултет
  • Задолжително: лиценца за овластен сметководител
  • Минимум три години искуство на иста или слична позиција
  • Искуство во практична работа во САП сметководствен систем ќе се смета за предност

Обврски и одговорности:

  • Изработка на завршна сметка

  • Известувања кон сите државни институции НБРМ (КИПО, ВС обрасци, НД обрасци), УЈП (ДБ,  ДД-И), Статистика (ДВ.КВ.ИН, ТРГ.1 и сл.)

  • Комплетно евидентирање на сите влезни, излезни фактури, увози и реекспорт

  • Извршување и евидентирање на денарски и девизни изводи

  • Изработка на ДДВ пријави

  • Водење и сметководствено евидентирање на благајна

  • Сложување аналитички картици со купувачите и добавувачите

Потребни вештини и способности:

  • Познавање на MS Office

  • Возачка дозвола Б категорија

  • Организираност, прецизност и одговорност кон доверените работни задачи

 

Ние нудиме работа во амбициозен и професионален тим, каде ќе имате можност да ги унапредите вашите професионални вештини во динамична работна средина, и да бидете дел од интернационален бизнис кој е фокусиран на секојдневна грижа за здравјето на луѓето.

Работниот однос за оваа позиција првично ce заснова на определено време од 3 (три) месеци, со можност за продолжување на договорот на неопределено време.  Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, со почеток од 08:00 до 16:00 часот. Неделното работно време е од понеделник до петок.

Доколку се пронајдовте во горенаведениот опис, пратета ја вашата пријава на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]   Краен рок за пријавување е 16.02.2018год.

Само кандидатите кои ги исполнуваат потребните квалификации во целост ќе бидат контактирани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »