Плата од 40.000 ден. до 50.000 ден.
Градежната компанија АРТ-МАС ГРОУП ДООЕЛ Скопје има потреба од АРХИТЕКТ- ПРОЕКТАНТ со завршено високо образование и со работно искуство во областа на проектирање на градби од втора категорија, кој самостојно ќе раководи со изработка на проектна градежно-техничка документација, со одлично познавање на AutoCAD и ArchiCAD, како и одлично познавање на постапката за изработка на основен проект и добивање одобрение за градење.
Основни задачи и одговорности:
- Изработка на идејни решенија и основни проекти за станбени, деловни, станбено-деловни објекти и сл.;
- Комуникација и координација со останатите соработници за проектната документација;
- Комуникација со надлежни институции за следење и координација на тековните постапки;
- Останати административни обврски кои се дел од тековната реализација на проектите.
Потребни квалификации:
- Завршено високо образование - архитектура;
- Одлично познавање на AutoCAD;
- Одлично познавање на ArchiCAD;
- Познавање на постапка за добивање одобрение за градење и претходно работење со градежна документација ќе се смета за предност;
- Работно искуство во делот со проектирање на станбени и деловни објекти.
Заинтересираните да испратат CV на [најави се за да го видиш е-маилот] со посочување за која работна позиција аплицирате. Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани за интервју.
Поврзани огласи »