ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување за потребите на проектот „Зајакнување на Ромките преку основање на социјално претпријатие“, поддржан од Европската комисија во рамки на Оперативната програма за развој на човечки ресурси 2007-2013 „Социјална инклузија и вработување на локално ниво“ од Инструментот за пред-пристапна помош, објавува конкурс за ангажирање на финансиски асистент/ка.
Финансиски асистент/ка
Опис на работната позиција, задачи и услови:
Финансискиот асистент/ка ќе биде одговорен/а за водење на финансиските и административните аспекти на проектот. Тоа ќе вклучува водење на тековната финансиска состојба, подготовка на налози за исплата и договори, подготовка на финансиски извештаи, подготовка на тендери за набавка на материјали и услуги, според воспоставените правила за финансиско и административно работење на проектот. Работниот ангажман е во период од 12 месеци, со осумчасовно работно време и 20 денови за одмор. Предвидената плата во БРУТО износ со покриени придонеси за здравствено и пензиско осигурување изнесува 600 евра во денарска противвредност.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:
- Диплома за завршено високо образование
- Најмалку 2 години искуство во финансиско и административно раководење на проекти поддржани од Европската комисија
- Одлични познавања на македонски и англиски јазик
- Изградени вештини за информатичка технологија
- Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи
- Државјанство на Република Македонија
- 1.3. За предност ќе се смета:
- Сензибилизираност за работа со социјално загрозени групи на граѓани
- Обуки за социјално претприемништво
Најдоцна до 18 декември 2016 година заинтересираните кандидати треба да достават:
- детална биографија
- писмо за мотивација
- потврда/препорака од претходен работодавач за двегодишно искуство во финансиско и административно раководење на проекти поддржани од Европската комисија.
Кандидатите кои нема да ги достават бараните документи нема да бидат разгледувани.
Сите кандидати кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор. Ве молиме наведете телефон за контакт и e-mail адреса.
Сите кандидати ќе бидат известени за резултатите од Конкурсот, по електронски пат, во рок од 8 дена по затворање на конкурсот. Апликациите можете да ги доставите на следниов начин: По електронска пошта: [најави се за да го видиш е-маилот] предмет на пораката (позиција за која аплицирате)
По пошта: Х.Е.Р.А. ул. Дебарца 56/1-4, Скопје, со назнака (позиција за која аплцирате)
ТЕЛЕФОН: 3290 395