
За компанијата: Телешоп Македонија. Производи за: здравје, убавина, домаќинство, фитнес, со реклама на ТВ.
повеќе за компанијата »Оператор за излезни повици во кол центар
Опис и барања:
Телешоп е меѓународна компанија за ТВ шопинг, која е успешно активна во повеќе земји низ Европа.
Телешоп наоѓа и развива иновативни производи кои го олеснуваат секојдневието и решаваат проблеми, особено во секторите за домаќинство, кујна, фитнес, слободно време, здравје и убавина.
Ние правиме максимални напори да ја ажурираме и подобруваме нашата понуда на континуирана основа.
Заради проширување на дејноста, имаме потреба од вработување на персонал за позицијата: Оператор за излезни повици во кол центар .
Ние нудиме:
- Работа со полно работно време
- Стимулативно наградување, поврзано со продажните резултати.
- Работа во динамичен и одговорен тим
- Обука
- Можност за напредување во кариерата.
Ние очекуваме од вас:
- Одлични комуникативни и презентирачки вештини
- Развиено чувство за продажба и ориентираност кон постигнување финансиски резултати
- Организираност и самодисциплина
- Стремеж кон нови знаења и самоусовршување
- Компјутерска писменост
- Познавањето странски се смета за предност
Ако сакате да бидете дел од нашата екипа, ве молиме испратете понова слика и CV на [најави се за да го видиш е-маилот]
На интервју ќе бидат повикани само кандидатите кои ќе бидат избрани по разгледувањето на сите пристигнати пријави.