EVI International Trade e фирма која 27 години постои на пазарот во Македонија за дистрибуција и сервис на фотокопир апарати,принтери и др. ИТ Опрема за брендот KONICA MINOLTA и OKI.Поради проширување на портфолиото и зголемување на обемот на работа,фирмата има потреба од вработување на специјалист за продажба на ИТ Опрема (Хардвер).
Главни задачи и одговорности:
-Продажба на информатичка опрема (хардвер) и услуги
-Развој на дедицираниот бренд/продуктна линија
-Поддршка и менаџирање на постоечките партнери и клиенти
-Стекнување на нови партнери и клиенти и градење на позитивни релации кои ќе генерираат продажба
-Следење на состојбата на пазарот и конкуренцијата како и унапредување на продажбата,со предлог решенија како да се подобри позицијата на брендот/продуктната линија.
-Организирање на маркетинг кампањи
-Административни одговорности
Барања за определената позиција:
-Високо образование во областа на ИТ, ќе се смета за предност технички или економски науки.
-Задолжително познавање на Англиски Јазик
-Поседување на возачка дозвола
-Комуникациски и презентациски вештини како и способност за тимска работа.
-Задолжително познавање на Microsoft Office
-Комуникативност,флексибилност и подготвеност за континуирано усовршување
-За предност ќе се смета претходно работно искуство во продажба од минимум 2 години.
Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови,испратете мотивационо писмо со
кратка биографија на [најави се за да го видиш е-маилот]
Сите пријави ќе бидат третирани со строга доверливост,само избраните кандидати ќе бидат контактирани.