Агент за продажба

За компанијата: Fortis® е компанија која се занимава со производство, дистрибуција, проектирање и продажба на професионална опрема за ресторани, пекари и HoReCa секторот како и комплетни решенија за истата индустрија. повеќе за компанијата »
  • Објавен пред 4 месеци
  • Fortis
  • Активен до 13.09.2024
  • Позиција: Комерцијалист/Агент
  • Локација: Куманово
  • Веб: fortis.mk

Fortis® е компанија која се занимава со производство, дистрибуција, проектирање и продажба на професионална опрема за ресторани, пекари и HoReCa секторот како и комплетни решенија за истата индустрија.

Поради проширување на својот тим, имаме потреба од:

Агент за продажба (2)

Потребни квалификации

  • ССС/ВСС; Маркетинг и менаџмент се смета за предност.
  • Одлично познавање на граматика и правопис на македонски јазик
  • Одлично познавање од англиски јазик
  • Одлично познавање на Microsoft Office, Mozilla Thunderbird и еквивалентни
  • Претходно искуство во продажба ќе се смета за предност

Профил на личност

  • Организираност и одговорност
  • Одлични комуникациски вештини
  • Презентациски способности и вештини
  • Способност за индивидуална и тимска работа
  • Лојалност, доверливост, самоиницијативност, темелност, енергичност
  • Проактивност
  • Аналитичност
  • Фокусираност на клиенти
  • Фокусираност на резултати

Работни задачи и одговорности

  • Одржува уредна и организирана работна средина на своето работно место како и во продажниот изложбен салон преку адекватно стратешко и функционално поставување на опремата со цел обезбедување на пријатно и позитивно  искуство на клиентите при посета на компанијата.
  • Врши прием и процесирање на барања на клиенти (преку телефон, email или лично) со квалитетни и стручни одговори и информации, професионално изготвени понуди и презентации на опремата.
  • Финализира продажби, ефикасно и брзо изготвува пропратна документација за продажба со согласност со закони, правила и процедури пропишани во компанијата.
  • Врши нарачки за припрема/испорака кај Менаџер за логистика и сервис за завршени продажби.
  • Прием и проверка на точноста на документацијата пред испорака кај купувач;
  • Координира со Менаџер за логистика и сервис за потребна поддршка при испорака, инсталација и монтажа на веќе продадена опрема со цел квалитетно заокружување на продажниот процес.
  • Прецизно следи и известува за промени во залихите на производи во магацините на компанијата.
  • Води пост-продажна грижа за постоечни клиенти, стекнува нови и ги информира за промоции, понуди на нови производи со цел зајакнување на врската со клиентите и зголемување на продажбата.
  • Следи трендови на потрошувачка според софтвер за оперативно работење и ги известува клиенти за нови артикли/производи во понудата на компанијата.
  • Во координација со Менаџер за продажба придонесува со идеи за иновативни начини на продажба и зголемување на удел на пазар преку анализи на понудата, конкуренцијата и потрошувачки трендови.
  • Работи на континуирано унапредување на своите продажни способности, технички и функционални познавања од опремата како и техники и стандарди за работа во индустријата.
  • Посетување на обуки од делокругот на своето работење во правец на континуирано подобрување;
  • Други работни задачи според налог на претпоставен менаџер.

Работни услови и бенефиции

  • Одлична работна атмосфера
  • Можност за напредување
  • Динамични работни услови во брзорастечка компанија
  • Солидна плата плус бонуси
  • Службен пакет за комуникација

Доколку имате желба да се приклучите кон нашиот тим и сметате дека ќе бидете вистински кандидат за оваа работна позиција, испратете CV на [најави се за да го видиш е-маилот] со наслов  Агент за продажба“.

Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »