Касиер/ка

  • Објавен пред 3 недели
  • МА Гаминг ДООЕЛ
  • Активен до 15.11.2024
  • Позиција: Персонал во продавница/Касиер
  • Локација: Скопје
  • Веб: admiralclub.com.mk

(преземи го огласот во Word)

Работна позиција: КАСИЕР/КА

Времетраење: Определено 3 месеци (со можност за продолжување), на полно работно време од 40 часа неделно

Број на слободни позиции: За 10 лица

Регион: Скопје

Емаил: [најави се за да го видиш е-маилот]

Барате интересна и перспективна работа во успешна компанија? Бидете дел од успешниот тим во АДМИРАЛ КАЗИНО !!!

МА ГАМИНГ ДООЕЛ Скопје е општествено одговорна компанија која брои повеќе од 700 вработени, дел од големото NOVOMATIC семејство, лидер во индустријата за игри на среќа и забавни игри.

Нашата најголема придобивка во повеќе од 15 години успешно работење се вработените кои благодарение на нивните вештини, посветеност и одлучност, заеднички  ја креираат својата светла иднина. Нашите вработени со нивната посветеност и лојалност, се клучен дел од успесите и растот на компанијата во целост.

МА ГАМИНГ нуди:

  • Работа во брзорастечка компанија ;
  • Работа во млад, креативен и амбициозен тим ;
  • Брза и динамична работа ;
  • Отворен и чесен однос, добри меѓучовечки односи и пријателска средина ;
  • Можност за професионално усовршување и напредување ;
  • Јасно поставено скалило на одговорности и очекувања ;
  • Плата достигнува и повеќе од 40.000,00 МКД;
  • Можност за остварување бонуси и награди на месечната плата ;
  • Законски надоместоци (регрес, минат труд, јубилејни награди, ноќен труд, сменско работење, работа во празник, работа во ден недела) и други надоместоци (склучување на брак, смрт во семејството, награда за најдобар работник во автомат клуб, новогодишна награда) ;
  • Право на 20 работни дена платен годишен одмор ;
  • Работа во смени, со одличен однапред предвиден распоред и до 10 слободни денови во месецот ;
  • Награда за препорачан пријател ;
  • Искуство не е неопходно, бидејќи е обезбедена обука ;
  • Обезбедени работна униформа и обувки ;
  • Бесплатни безалкохолни пијалоци и кафиња во текот на работната смена ;
  • Новогодишни прослави,  забави за нови подружници и родендени на клубови, можност за учество на тим билдинг настани.

МА ГАМИНГ бара:

  • Минимум завршено ССС ;
  • Флексибилност и проактивност ;
  • Друштвеност, комуникативност и позитивен став ;
  • Самоиницијативност во секојдневната работа, тимска работа и способност за работа под притисок;
  • Умешност во решавање на конфликтни ситуации ;
  • Чесен однос кон работата, доверливост, лојалност и одговорност ;
  • Прецизност и брзина во извршување на секојдневните работи ;
  • Ведар дух, енергичност и смисла за хумор ;
  • Одговорно и правилно ракување со парични средства.

Кај нас ве очекуваат многу различни активности, предизвици, интензивна обука, Договор за работа во согласност со законот и атрактивна заработка. Доколку верувате дека сте идеални за оваа работна позиција, испратете го вашето CV на емаил: [најави се за да го видиш е-маилот] , или на нашата веб страна https://admiralclub.com.mk/career.php  со назнака за регионот за кој аплицирате.

Само кандидатите кои што ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »