Бренд Менаџер

За компанијата: Ние имаме 40 канцеларии во 20 земји и воедно сме зачетници во професионалното советување на територијата на источна Европа. Нашата разгранета мрежа и широката палета на услуги кои ги пружаме гарантира... повеќе за компанијата »

Хилл Скопје за својот клиент, компанија која е реномиран регионален лидер во областа на фармација, бара самостојна, организирана и проактивна личност за позицијата:

 

                                                                                Бренд Менаџер 

 

Квалификации:

 

  • ВСС – дипломиран фармацевт или доктор по медицина/ стоматологија  
  • Минимум три години искуство во промоција на фармaцевтски производи
  • Искуство во креирање и извршување на маркетинг план, вклучително план за продажба, клучни индикатори на перформанси, SWOT анализа, критични фактори на успех, ќе се сметаат за предност
  • Познавање на англиски јазик 
  • Одлично познавање на MS Office
  • Возачка дозвола Б категорија – активен возач
  • Одлични комуникациски и презентациски способности 
  • Организираност и одговорност кон доверените работни задачи
  • Динамичност, флексибилност и самоиницијативност

 

Одговорности:

 

  • Креирање и имплементација на маркетинг планови и реализација на зададени цели согласно компаниската стратегија
  • Понуда, промоција и презентација на фармацевтски производи од реномиран производител
  • Секојдневна посета, развој и одржување на односите со доктори и фармацевти
  • Редовни извештаи за спроведените активности
  • Организација и учество на стручни собири
  • Следење и анализа на фармацевтскиот пазар

 

Компанијата нуди одлична можност за професионален развој во динамична средина за амбициозни професионалци кои сакаат да бидат дел од интернационален бизнис кој е фокусиран на секојдневна грижа за здравјето на луѓето. 

 

Работното време за оваа позиција е од 08:30 до 16:30 часот. Неделното работно време е од понеделник до петок.

 

Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија најдоцна до 27.01.2020, со назнака за позицијата. 

 

 

 

                                                              E – mail:  [најави се за да го видиш е-маилот]

                                                                                        www.hill.mk 

                                                           Хилл Скопје, Анастас Митрев 26/4, 1000 Скопје

                                                                             тел/факс: 02/3296-481

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »