Електро инженер за автоматика

  • Објавен пред 2 недели
  • БИС Инженеринг Скопје
  • Активен до 16.06.2021
  • Позиција: Електроника и телекомуникации
  • Локација: Скопје

БИС Инженеринг Скопје има потреба од електро инженер.

Опис на работното место:

  • Изработка на електрични шеми,
  • Правење увид на терен и изработка на техничко решение за дадени задачи,
  • Изработка на понуди според направен увид и техничко решение,
  • Директна комуникација со клиенти,
  • Водење на градежни книги и дневници,
  • Изработка на кориснички упатства.

Потребни квалификации:

  • Високо образование – Факултет за електротехника и информациски технологии,
  • Познавање и активно работење со PLC,
  • Познавање на MS Word, Excel,
  • Познавање на EPLAN и AutoCAD,
  • Познавање на автоматика во Електро Моторни Погони ќе се смета за предност,
  • Одлично познавање на англиски јазик,
  • Возачка дозвола Б категорија.

Работно време и место каде се извршува работата:

  • Понеделник-Петок 8:00-16:00,
  • Работниот ангажман вклучува работа во просториите на БИС Инженеринг, како и теренска работа на територијата на Република Македонија.

 

Доколку ги исполнувате горенаведените квалификации и ваквиот работен ангажман е предизвик за вас, доставете ја својата лична биографија (CV) на следниот мејл: [email protected]  или телефонски на +389 2 3123-848.