Прехранбен технолог

За компанијата: Матриошка е старт-ап компанија која се занимава со развој на иновативни технолошки процеси во прехранбената индустрија што ќе донесе дополнителни вредности на клиентите и ќе има позитивно влијание врз... повеќе за компанијата »

Матриошка е старт-ап компанија која се занимава со развој на технолошки процеси во прехранбената индустрија. Компанијата во моментот има развиено два иновативни производи од кои едниот е во фаза на пред-комерцијализација, додека другиот е во фаза на истражување и развој.

            Работната позиција се однесува за прехранбен технолог со скратено работно време, кое во зависност од кандидатот може да премине и во цело работно време и нуди можност за флексибилно работно време.

Минималниот критериум за разгледување на вашата апликација е:

  • Поседување на додипломско образование од областа на прехранбена технологија, биотехнологија, дизајн и менаџмент на технолошки процеси;
  • Одлично познавање на англискиот јазик.

Идеалниот кандидат треба да има познавања и искуство од област на:

  • Развој на нови производи
  • Планирање на производство
  • Оптимизирање на состав на производи
  • Познавање на HACCP стандардите
  • Познавање на стандардите ISO:9001 и ISO:22000
  • Следење на конкуренцијата и вкусовите на потрошувачите
  • Да преземе одговорност за зададените задачи,
  • Способност за независно работење во рамките на постојните правилаи процедурални барања
  • Комуникациски вештини и тимска работа
  • Проактивност (и желба за учење)

Опис на работни обврски:

  • Развој на нови производи во прехранбениот сектор
  • Планирање на производство
  • Оптимизирање на состав на производи
  • Следење на конкуренцијата и вкусовите на потрошувачите
  • Анализа на домашни и интернационални пазари
  • Помош при имплементација на HACCP и ISO:9001 и ISO:22000 стандардите
  • Следење на научна литература за развојот на индустријата

 

Придобивки за идниот член на тимот:

  • Работа со професионален и искусен тим на експерти;
  • Професионална надградба и усовршување;
  • Одлични услови за работа – атрактивна и динамична работа;
  • Можност за флексибилно работно време.

Познавање на стратегии за маркетинг (посебно во делот социјален маркетинг) не се задолжителни но ќе се сметаат за предност.

Сите заинтересирани кандидати се добредојдени да го испратат своето CV на [најави се за да го видиш е-маилот] . Мотивационо писмо не е задолжително, но ќе се смета за предност. Успешните кандидати ќе бидат повикани на интервју во просториите на компанијата.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »