Агент за продажба

(преземи го огласот во Word)

ЗА ФИРМАТА:

Порта Инженеринг Груп е сертифицирана компанија од градежниот сектор-високоградба, основана 2015 година. Со исклучителното професионално искуство се трудиме да создаваме современи, просторно-естетски објекти, кои со своите архитектонски и конструктивни решенија интегрирани со средината ќе бидат репрезенти за најсовремените  трендови во градежништвото.

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО:

- Познавање на тековниве објекти на компанијата

- Контактирање со постоечки и нови клиенти

- Грижа за секој клиент, одговарање на сите нивни барања и прашања

- Запознавање на клиенти со тековните објекти, станови, локали

- Следење на продажбата и нејзина анализа, преземање на активности за нејзино зголемување

- Предоговарање во однос на продажбата со клиентите.

ПОТРЕБНИ ВЕШТИНИ:

- Високо образование

- Претходно работно искуство во областа на продажба: мин. 2 години

- Активно работење во MS Office

- Одлични вештини во пишана и вербална комуникација

- Способност за тимска работа  и комуникативност

- Преземање на иницијатива и одговорност

- За предност ќе се смета минимално познавање од маркетинг.

КОМПАНИЈАТА НУДИ:

- Добра работна и тимска атмосфера

- Можност за континуиран развој на вештини

- Постојана и сигурна работна позиција

Доколку својата иднина ја гледате во нашата компанија, испратете своја биографија (CV) најдоцна до 07.04.2021, на електронската адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] и [најави се за да го видиш е-маилот] .

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »