За компанијата: Триглав Осигурување АД, Скопје, лидер на пазарот на неживотно осигурување и дел од најголемата осигурителна и финансиска групација во регионот Адриа, со повеќе од 5 000 вработени. Како Групација, фокусирани...
повеќе за компанијата »Триглав Осигурување АД, Скопје Ве поканува да аплицирате на огласот за вработување за работното место:
Водител на Одделение за инфраструктура (Head of Infrastructure Unit)
НА ИЗБРАНИОТ КАНДИДАТ МУ НУДИМЕ:
Динамична работа, во индустрија, која што во светски рамки забрзано се развива во технолошка смисла и нуди одлични предизвици и потенцијал. Работа во интернационална околина, со можност за континуиран личен и стручен развој, постојано стручно усовршување преку учество на специјализирани курсеви за надградување на знаењето и споделување на добри пракси во рамки на групацијата. Ќе имате можност за работа со современи технологии и непрекинато стекнување нови знаења, како и континуирана соработка на проекти во интернационална околина.
Работното време е флексибилно, со можност за хибриден модел на работа.
РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:
- Одговорен е за спроведување мерки за оптимизација на работата на системската инфраструктура на ИКТ;
- Води и учествува во постапки за набавка на опрема и услуги поврзани со системската инфраструктура;
- Управува, организира, насочува, координира и обезбедува вршење на сите процеси во рамките на подрачјето на работа за кое е одговорен;
- Планира, изведува, документира и управува со системската инфраструктура на ИКТ;
- Спроведува анализи и превентивни мерки за отстранување проблеми со системската инфраструктура на ИКТ;
- Соработува со надворешните добавувачи од подрачјето на ИКТ и врши надзор на работењето на надворешните соработници;
- Учествува и води работни групи во врска со имплементација на проекти во Друштвото и во рамките на Групација Триглав;
- Го следи развојот на подрачјето на работа и перманентно се дообразува.
МЕСТО НА РАБОТА:
Седиште на Друштвото во Скопје
ПОТРЕБНО ИСКУСТВО:
- Високо образование од релевантното подрачје на работа
- Организациски способности
- Напредно познавање на MS Windows системски сервиси и технологии
- Напредно познавање на MS Windows клиентски технологии
- Напредно познавање на MS SQL Server
- Познавање на платформи за виртуелизација
ОД КАНДИДАТОТ ОЧЕКУВАМЕ:
Познавање на англиски јазик, самоиницијативност, желба за континуирано надградување и развој.
Со цел вашата апликација да биде земена предвид при процесот на селекција и соодветно помине низ нашиот систем, Ве молиме поднесете ја преку линкот во прилог, не подоцна од 21.01.2024:
http://triglav.force.com/pdm/OJP_ExtViewOJPSLO?k=6mz&id=a0N6N00000eVCP6
Слични огласи »