Фармацевт/Фармацевтски техничар - Битола

За компанијата: Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот како слика)

 

Здравјето и благосостојбата се симбол на препознатливост на нашата компанија, каде што со доверливост и грижа секој поединец го добива професионалниот пристап од нашите фармацевти и вработени со најдобрата палета на производи. Фокусот го насочуваме кон изборот на најсоодветни кандидати кои ќе се придружат на нашите постоечки успешни тимови. 
Гордо го носиме печатот за квалитет и стандард и со тоа придонесуваме кон поздрава и посреќна заедница, здрава младина и посреќна иднина!

Поради проширување на својот тим, имаме потреба од: Дипломиран фармацевт / Фармацевтски техничар во Битола.

Потребни квалификации:

  • ВСС - Фармацевт
  • ССС – Фармацевтски техничар
  • Претходно работно искуство во аптека ќе се смета како предност
  • Работа со компјутери и одлично познавање на MC Office

Посакувани карактеристики:

  • Способност за брзо учење,
  • Развиени комуникациски вештини,
  • Стручност и елоквентост,
  • Диманичност и креативност,
  • Организираност, самоиницијативност.

Што нудиме:

  • Солидна плата по договор,
  • Стимулативен варијабилен дел во зависност од остварувањата,
  • Програма за препораки „Биди и ти награден за нов член во нашата компанија“,
  • Бенефити за вработени,
  • Протокол за грижа на здравјето - "Здравјето на вработените е наш приоритет",
  • Програма за кариерен развој,
  • Учество на различни настани: саеми, конференци и обуки,
  • Можност за професионален развој и надоградба.

Доколку  сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување, и поседувате професионални компетенции за успешно да работите во областите наведени погоре, Ве молиме испратете пропратно писмо и биографија на македонски јазик со ознака Дипломиран фармацевт или Фармацевтски техничар  на [најави се за да го видиш е-маилот]  или јавете се за повеќе информации на 071 310 272 или 071 388 058.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »