Лекар

За компанијата: ТАВ Аеродроми обезбедуваат интегрирани услуги во сите области на аеродромското работење и во глобални рамки управуваат со 91 аеродром во 26 земји. Како членка на групацијата ADP, ТАВ Аеродроми е дел од... повеќе за компанијата »

Ако сакате да станете дел од семејството на ТАВ аеродроми кое е интернационално распространетo, ако сте спремни да се соочите со предизвиците на аеродромскиот сообраќај, да учите од професионалци во своите области, да се здобиете со сертифицирани дипломи во авионската индустрија и секако да напредувате во својата област, прочитајте понатаму...

ТАВ Македонија, Аеродром Св. Апостол Павле - Охрид како дел од ТАВ Аеродроми во моментов е во потрага по нов вработен за позицијата:         

                                                                                 ЛЕКАР

ОСНОВНИ ОДГОВОРНОСТИ

  • Врши медицинско обезбедување на полетно-слетните операции:
  • Укажување на итна медицинска помош
  • Укажување стручна медицинска помош на заболени или повредени патници/членови на посади и останати лица на Аеродромот
  • Учествува во изработка на медицинскиот дел од Аеродромот и неговата координација и имплементација како и проценка за одобрување или ограничување патување на одредени категории патници со цел да се заштити нивното здравје односно да не дојде до понатамошно влошување на истото.
  • Учествува во превенција и контрола на карантински заболувања
  • Oрганизира транспорт од и до воздухопловот на акутно заболени патници, MEDA и стречери, како и на хендикепирани патници од категоријата WCHC, WCHS и WCHR, но само доколку нивната хендикепираност е резултат на акутно заболување или повреда која побарува медицинска помош и по потреба упатува заболени лица (или патници) до соодветни здравствени установи
  • Ги следи достигнувањата од областа на медицината (особено воздухопловната) и нивна примена во секојдневната пракса
  • Извршува активности на инструктор во рамките на својата област како подршка на Центарот за обука

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Високо образование – Медицински факултет 
  • Работна лиценца од ЛКМ (Лекарска Комора на Македонија)
  • Сертификат за познавање на Англиски јазик - мин. ниво Б1
  • Најмалку 4 години работно искуство
  • Организациски вештини и тимска работа

 

Нудиме динамична и стимулативна средина, како и професионален предизвик.

Сите заинтересирани кандидати можат да го испратат своето CV на  [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака: ОХРИД

Ве молиме имајте во предвид дека само избраните кандидати ќе бидат контактирани.

Во очекување сме на Вашите апликации!

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »