Credi Yes е нова, современа брзорастечка компанија во областа на микрокредитирање на физички лица во Македонија. Поради брз раст, развивање и извршување на својата дејност потребен ни е Агент во контакт центар за советување на клиенти за брзи потрошувачки кредити.
Соодветниот кандидат за оваа позиција треба да биде комуникативен, проактивен, одговорен и да поседува мулти таскинг вештини применувајќи ги преку исклучителна услуга на клиенти.
Опис на работно место:
• Презентација на производите и услугите на Credi Yes на сите постоечки и потенцијално нови корисници преку телефон
• Давање на информации на постоечките и потенцијалните корисници за услугите
• Давање техничка поддршка на корисниците
• Пополнување на барања за аплицирање за кредит
• Комуникација со корисниците по дигитален пат (web, mail, chat, social network)
• Конзистентно следење на обврските на клиентите
Квалификации:
• Релевантно искуство од најмалку 1 година на иста или слична позиција
• Одлични комуникациски и организациски способности и добри вештини за продажба
• Одлично познавање на Англиски јазик
• Одлично познавање на MS Office (Excel,Word)
• Образование: Пожелно е ВСС
• Флексибилен кандидат за работно време од понеделник до сабота
Компанијата нуди:
• Корпоративна обука во согласнот со најдобрите практики од оваа област
• Конкурентска фиксна плата, бонуси засновани од постигнати резултати, договор за вработување,
• Можност за брзо напредување во рамките на компанијата
Доколку сакате да бидете дел од нашата компанија, да се развиете како професионалец, да стекнете нови знаења, вештини и способности од областа, Ве молиме испратете ни детално CV со назнака за Агент во контакт центар на нашата е-маил адреса [најави се за да го видиш е-маилот]