За компанијата: Од 1994 година ДУНА е водечка команија присутна во бизнис секојдневието во Македонија. Со канцеларии и во Албанија и Србија. Со успешни проекти и во Косово. Посветено работиме на нашата мисија која започна...
повеќе за компанијата »Сервисер на мултифункциски уреди
Веќе трета деценија ДУНА е водечка компанија присутна во бизнис секојдневието во Македонија. Со канцеларии и во Албанија и Србија, посветено работиме на нашата мисија која започна во раните 90ти години, технологијата да биде присутна во сите сегмнети на индустријата, образованието, бизнисот и на целокупното општествено делување. Ги следиме светските IT треднови, но истовремено пласираме и сопствени иновативни идеи во кои неизмерно веруваме и со тоа успеавме да станеме препознатлив бренд кој според многумина е IT трендсетер во регионот.
Како сервисер на мултифункциски уреди, ќе бидете клучен дел на нашиот технички тим, одговорен за обезбедување на највисок квалитет на сервис и поддршка за нашите клиенти. Вашата улога ќе биде од суштинско значење во непречено работење на клиентите.
Клучни обврски и одговорности:
- Инсталација и конфигурација на мултифункциските уреди
- Дијагностицирање и решавање на технички проблеми на уредите, како и извршување на планирани и вонредни сервисни активности
- Обезбедување на обука и поддршка на корисниците за правилна и ефикасна употреба на мултифункциските уреди
- Ефикасна комуникација со корисниците и колегите, како и соработка во тимски средини
- Активно следење на новите трендови и ажурирање на знаењето за новите модели и функционалности на уредите.
Квалификации и вештини:
- Диплома од завршено средно/високо образование
- Добри комуникациски вештини и способност за работа во тим
- Способност за ефикасно управување со времето и решавање проблеми
- Искуство во сервисирање на мултифункциски уреди ќе се смета за предност
Ние нудиме:
- Конкурентна плата
- Професионално развивање и обука
- Професионална и пријатна работна атмосфера и целокупна техничка опременост за професионално работење
Како да аплицирам?
Испратете го своето CV или писмо за интерес на следната адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака „Пријава за техничко лице“.
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Останати огласи »