Сервисер на медицинска опрема

За компанијата: Винора Дооел е фирма со 15 годишно постоење на македонскиот пазар специјализирана за продажба и сервис на висококвалитетна медицинска опрема. Фирмата располага со широк асортиман на медицинска апаратура и нуди соодветни решенија во различни области од медицината. повеќе за компанијата »

Реномирана фирма ВИНОРА ДООЕЛ Скопје, со долгогодишно искуство во продажба и сервис на медицинска опрема од познати германски произодители има потреба од 1 (едно) лице за позиција Сервисер на медицинска опрема

На огласот можат да конкурираат кандидати кои сметаат дека ги поседуваат долунаведените лични карактеристики и потребни квалификации

  • Минимум средно електро техничко или ВСС, електро факултет, предност слаба  струја, телекомуникации
  • Пожелно претходно искуство од 3 години во слична или иста област
  • Активно познавање на  Office , Outlook Express и предност е познавање на  AutoCad
  • Активно познавање на технички англиски јазик (пишан и говор)
  • Комуникациски способности со клиенти
  • Континуирано усовршување со обуки во странство (стручни, индивидулни,..)
  • Способност за тимска работа;
  • Самоиницијативност;
  • Динамична работна средина и работа со искусен  тим
  • Поседување на возачка дозвола Б категорија (активен возач)
  • Желба за постојано учење и напредување во работата

Опис на работно место:

  • сервис на медицинска опрема од различни производители
  • Работа на терен (низ цела држава)
  • Одговорен за редовно известување на претпоставеиот за завршените работни задачи, уредно водење на документација
  • Исполнување на предвидените задачи во предвиден рок,

Нудиме:

  • Можност за сигурно и долгогодишно вработување
  • Работен однос со 40 часа неделно со работно време од понеделник до петок од 07:30h до 15:30h
  • Постојана поддршка и помош од целиот тим на Работодавачот во периодот потребен за адаптација;
  • Одлична работна атмосфера;
  • Можност за напредок доколку кандидатот покаже желба, знаење и способност да се носи со своите работни обврски;
  • Можност за учење и стекнување нови вештини;
  • Редовна Плата (износот зависи од образовните квалификации и работното искуство)

Доколку сметате дека Вие сте идеалната личност за оваа работна позиција, испратете ни го вашето CV  на [најави се за да го видиш е-маилот] со наслов: “за работна позиција Сервисер”.

Само кандидатите кои ќе влезат во најтесниот круг ќе бидат контактирани од страна на претставнци на нашата компанија.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »