ОДМ КОЛЛЕКТИОНС ДООЕЛ СКОПЈЕ лого

Раководител на Повикувачки центар - Регион Македонија

За компанијата:

ODM COLLECTIONS Дооел Скопје е компанија специјализирана за откуп на побарувања. Континуирано ги унапредуваме процесите на работа и инвестираме во персоналот и најдобрите работници и технологијата со цел на пазарот да понудиме услуги од највисок квалитет.

повеќе за компанијата »

Активни огласи од ОДМ КОЛЛЕКТИОНС ДООЕЛ СКОПЈЕ:

Агент во повикувачки центар

(преземи го огласот во Word)

Работно место: Раководител на повикувачки центар – Регион Северна Македонија

Локација: Скопје, Северна Македонија

За нас: ODM Collections (ODMC) — Водечки „turnkey“ сервисер на ненаплатени побарувања во Западен Балкан (odmc.mk)

ODM Collections е брзорастечка компанија во областа на управување и откуп на побарувања во регионот на Западен Балкан. Од 2013 година наваму, процесиравме милиони предмети и работиме со клиенти во шест јурисдикции. Нашата работа ја темелиме на експертиза во финансии, право, заштита на лични податоци и грижа за клиентите. Користиме напредни ИТ решенија, аналитика и строги етички стандарди.

Опис на работната позиција

Како Раководител на повикувачки центар, ќе бидете одговорни за водење и мотивирање на тим во наплатата на побарувања, обезбедувајќи високи стандарди на професионалност, ефикасност и усогласеност со законските и етичките правила. Ќе бидете клучната алка меѓу менаџментот и секојдневното оперативно работење.

Клучни задачи и одговорности:

  • Организирање и планирање на секојдневното работење на повикувачкиот центар;
  • Креирање и имплементација на стратегии за ефикасна наплата на побарувањата;
  • Следење и анализа на KPI индикатори и резултати на тимот, како и идентификување области за подобрување;
  • Подготовка на KPI и други Извештаи по потреба или барање на претпоставените;
  • Учество во регрутација, обука и развој на членовите на тимот;
  • Комуникација и координација со други оддели (Правен, Финансии, ИТ, Back-office) за непречено работење;
  • Поттикнување култура на почит, професионалност и етика во односот со должниците и соработниците;
  • Директна одговорност пред Извршниот директор (CEO) и Регионалниот менаџер на повикувачки центар за оперативните резултати;
  • Одговорност за ефикасност во наплата на побарувањата.

Потребни квалификации и вештини:

  • Напредно познавање на Excel
  • Работа со KPI индикатори;
  • Развиени аналитички способности и вештини за самостојно донесување одлуки;
  • Лидерски и организациски способности;
  • Искуство во управување со тим;
  • Способност за работа под притисок и постигнување резултати;
  • Основно познавање на српски јазик;

Основно познавање на албански јазик (опционално).

Нудиме:

  • Конкурентна плата (900-1300 Евра);
  • Бонуси според резултатите;
  • Регрес за годишен одмор;
  • Можности за професионален развој и унапредување;
  • Динамична и мотивирачка работна средина.

Како да аплицирате:

Доколку сметате дека поседувате способности и вештини да се издвоите од останатите кандидати на пазарот на труд во областа за наплата на побарувања, Ве повикуваме да аплицирате со испраќање на Вашата професионална биографија (CV) и Мотивациско писмо на македонски и англиски јазик, на следната e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака: „Раководител на повикувачки центар“.

*Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат повикани на разговор.

*ODM Collections e мултинационална организација, која се стреми да ги негува вредности на сите националности. Затоа ги охрабруваме сите кандидати без оглед на национална, верска или друга припадност да аплицираат и да се придружат на нашиот тим.

Заштита на лични податоци

Со аплицирање на овој оглас, кандидатите изразуваат согласност нивните лични податоци да бидат обработувани од страна на работодавачот, исклучиво за потребите на процесот на селекција и вработување, согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци.

Собраните податоци ќе се користат само за наведената цел и нема да бидат споделувани со трети лица. Работодавачот ќе ги чува личните податоци во рок утврден согласно законските прописи, по што истите ќе бидат соодветно избришани или уништени.

Кандидатите имаат право на пристап, исправка или бришење на своите лични податоци, како и право да ја повлечат согласноста за обработка во секое време, со доставување на барање на електронската адреса наведена во огласот.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »