QA Tester

За компанијата: BEELIVIO е француско-македонска софтверска компанија која во Македонија постои од 2018 година, веќе докажана во областа развој на корпоративни софтверски решенија со голем број клиенти распространети во... повеќе за компанијата »

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА QA ТЕСТЕР

БИЛИВИО   е француско-македонска софтверска компанија која во Македонија постои од 2018 година, веќе докажана во областа развој на корпоративни софтверски решенија со голем број клиенти распространети во повеќе од 15 земји ширум светот.

Поради започнување на нови проекти има потреба од проширување на својот тим и објавува конкурс за вработување на тестер коj ќе има можност да работи на интересни проекти базирани на нови технологии во одлични услови.

Како дел од нашиот QA сектор ќе имате можност да работите на развојот на интересни проекти во професионален тим кој ги следи новите технологии.

Тестерот кој ќе стане дел од нашиот тим ќе ги имаат следниве задолженија:

  • Извршување на тест сценарија (рачни или автоматизирани) и анализирање на резултатите
  • Дизајнирање, развивање и извршување на скрипти за автоматизација на тест сценарија користејќи софтверски алатки и технологии
  • Извршување на pre-release / pre-implementation тест сценарија и пријавување на грешки до девелопмент тимот
  • Тимско работење
  • Комуникација со клиенти

Потребни квалификации на софтвер тестерот

  • Искуство во обезбедување квалитет на софтвер
  • Одлично познавање на софтверски QA методологии, алатки и процеси
  • Практично искуство со автоматизирани алатки за тестирање
  • Одлични вештини за комуникација и критичко размислување
  • Познавање на HTML5, Javascript
  • Познавање на Selenium
  • Познaвање на англиски јазик
  • Способност за работа во тим


Вештини и искуствa кои ќе се сметаат како предност

  • Искуство со TFS (Team Foundation Server) / Azure DevOps
  • Желба за учење на нови технологии и примена на истите во развој на проекти

 

Ние нудиме:

  • Загарантирана висока почетна плата како и можност за брзо напредување
  • Работа во професионален тим, кој е насочен кон усовршување и надоградба на вештини
  • Одлична работна атмосфера и брзо професионално надоградување

Вашето кратко резиме (CV), испратете го на email адреса:  [најави се за да го видиш е-маилот]  

Сите апликации ќе бидат разгледани и оние кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »