Специјалист за аптеки

  • Објавен на 4.2022
  • Лек Скопје
  • Активен до 27.04.2022
  • Позиција: Фармацевт/Фармацевтски техничар
  • Локација: Скопје
  • Телефон: 022550801
  • Веб: www.sandoz.com/

 

Лек Скопје е реномирана интернационална фармацевтска компанија со препознатлив бренд. Поради проширување на нашиот тим, имаме потреба од нови членови на позицијата:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА АПТЕКИ

Одговорности/обврски на позицијата:

  • Постигнување на целите за продажба на територијата
  • Идентификување и развој на клучните клиенти (аптеки, ланци на аптеки)
  • Поставување на цели за клучните клиенти и стратегија за распределување на ресурсите во соработка со менаџментот
  • Водење и спроведување анализа на пазарот за примарните клучни клиенти и утврдување на приоритет на клиентите
  • Лично управување со најважните клиенти кои претставуваат клучни купувачи
  • Постигнување на утврдените цели за остварени контакти, покриеност и фреквенција преку комуникација лице в лице и состаноци и управување со резултатите на клучните клиенти - во рамките на оперативниот буџет
  • Успешно спроведување ​​на продажните и маркетинг кампањите со почитување на соодветните кодекси за работење/прописи
  • Успешно лансирање на производи - Можност за дистрибуција на нови производи
  • Познавање на производите и пазарот

Профил на успешниот кандидат:

  • Завршен Економски, Медицински, Фармацевтски или Стоматолошки факултет
  • Работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност
  • Добри комуникациски вештини
  • Проактивност и ориентираност кон остварување на цели
  • Подготвеност за службени патувања
  • Способност за тимска работа
  • Познавање на Англиски јазик
  • Познавање на MS Office пакетот и интернет пребарувачите
  • Возачка дозвола Б категорија – активен возач

Компанијата нуди:

  • Oдлична можност за професионален развој за амбициозни кандидати ориентирани кон постигнување на резултати
  • Нето месечна плата од минимум 40.000,00 денари и варијабилен дел во зависност од остварени резултати
  • Полно работно време

 

 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »