АДМИНИСТРАТОР ЗА ЛИЗИНГ НА ВОЗИЛА

За компанијата: Групацијата ОНЕ се состои од финансиските институции ОНЕ Лизинг, ОНЕ Финанце и компанијата за продажба на половни возила ОНЕ Ауто. повеќе за компанијата »
  • Објавен пред еден месец
  • ONE LEASING
  • Активен до 06.06.2024
  • Позиција: Административен работник
  • Локација: Скопје
  • Веб: www.onegroup.mk

 

Друштво за лизинг ОНЕ ЛИЗИНГ ДООЕЛ Скопје ја нуди услугата “Лизинг на половни возила” за сите марки и модели на возила.

Нашиот тим се состои  од професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и специјалисти за возила. 

Поради брз раст на компанијата имаме потреба од зголемување на нашиот тим, и со овој оглас повикуваме амбициозни лица да аплицираат на позицијата Администратор за лизинг на возила. 

 

Работно место: Администратор -  1 работно место во Скопје

 

Краток опис на услови, способности / вештини за работното место:

• Одлични комуникациски вештини

• Внимание на детали и ориентираност кон резултати

• Интерес за работа во канцелариски како и теренски услови

• Интерес за автомобили

• Активно говорење и пишување на англиски јазик

• Познавање на MS Office

• Работно искуство од најмалку 1 година

 

Работни задачи:

• Услужување на сите потенцијални клиенти и објаснување на продуктите

• Одговарање на дојдовни повици и е-маил прашања/барања од корисници и обезбедување на потребни информации, поддршка и помош во решавање на барањата на корисниците.

• Вршење на појдовни повици и завршување на примени апликации за одобрување на финансирање

• Склучување на договори за купопродажба на возила со цел издавање на лизинг

• Подготовка на документација со цел реализирање на договор за лизинг

• Соработка и координација со соработниците на Оне Лизинг 

 

Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »