ИТ соработник за развој на платформа за онлај продажба

За компанијата: Друштво за осигурување. Друштвото за неживотно осигурување УНИКА АД Скопје e дел од Австриската групација UNIQA INSURANCE GROUP, која е една од водечките осигурителни групации во Централна и Источна Европа. Групацијата... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот како PDF)

Друштвото за неживотно осигурување УНИКА АД Скопје e дел од Австриската групација UNIQA INSURANCE GROUP, која е една од водечките осигурителни групации во Централна и Источна Европа.

Групацијата е  застапена со 40 Друштва за осигурување во рамките на 18 држави во Европа, и истовремено преку своите 23.500 вработени врши услуги насочени кон задоволување на потребите на своите клиенти .

На нашите вработени им нудиме динамична работа со можност за професионален развој и надградба, како и одлични услови за работа во средина со професионален и амбициозен тим .

Во согласност со нашата цел и стратегија, имаме потребa од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната позиција :

ИТ СОРАБОТНИК ЗА РАЗВОЈ НА ПЛАТФОРМА ЗА ОНЛАЈ ПРОДАЖБА

 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Одлично познавање на работа со компјутери 
  • Пасија за онлајн маркетинг, нови технологии и трендови во веб светот
  • Желба за развој и стекнување на нови знаења во областа на веб услугите
  • Организациски вештини и тимска работа

 

 

ОСНОВНИ ОДГОВОРНОСТИ

  • Одржување и администрирање на содржината и информациите на веб апликацијата на компанијата за онлајн продажба
  • Учество во проекти за развој на веб услугите на Друштвото
  • Соработка со Секторот за маркетинг на Друштвото
  • Соработка со Секторот за продажба на друштвото
  • Подготовка на промотивни онлајн кампањи

            НУДИМЕ

  • Динамична работа
  • Можност за напредување и усовршување
  • Учество во соодветни курсови за усовршување
  • Пријатна работна атмосфера и тимски дух
  • Професионализам
  • Работа во современи работни услови

 

Доколку сте во потрага за нови професионални предизвици, мотивирани и подготвени за нови успеси,испратете персонална биографија (CV) на следната e-mail адреса најдоцна до 20.04.2023 година :

[најави се за да го видиш е-маилот]

За сите  прашања поврзани со обработката на Вашите лични податоци, видете во Известувањето за приватност на кандидати за вработување .

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »