100% Маркетинг лого

Business Development Manager

За компанијата: 100% Mаркетинг е full service маркетинг агенција. Ние сме посветени ентузијасти кон креирање на креативни решенија за нашите клиенти. Ако одлучиш да ни се придружиш секогаш ќе работиме заедно кон постигнување на заедничките цели, работејќи во пријатна и забавна атмосфера! повеќе за компанијата »

100% Маркетинг, Full service маркетинг агенција распишува оглас за вработување за позицијата:  

BUSINESS DEVELOPMENT MANAGER

Потребни квалификации:

  • Одлични организациски и комуникациски вештини.
  • Способност за создавњае на нови бази на клиенти.
  • Подготвеност за честа телефонска и писмена комуникација со потенцијални клиенти.
  • Познавање на Microsoft Office пакетот (Word, Excel, Power Point).
  • Самоиницијативност и самостојност во работењето.
  • Работно искуство од најмалку 1 година на иста или слична работна позиција.
  • Возачка дозвола Б – категорија.

Работни задачи и одговорности:

  • Изработување на истражување на пазарот согласно дадените насоки.
  • Создавање на нова база на клиенти со истовремено користење на постоечката база на клиенти.
  • Контактирање со потенцијалните клиенти, договарање на состаноци и испраќање на понуди за соработка.
  • Постојана комуникација со тимот и давање на нови идеи за подобрување на целокупното работење.
  • Изработка на понуди за кампањи кон клиентите.
  • Управување со клиенти на дневно ниво и следење на нивните тековни кампањи.
  • Следење и изработка на месечни и квартални извештаи за перформансите на клиентите.
  • Телефонска и писмена комуникација со постоечки и нови клиенти.

Ние ви нудиме:

  • Компетитивни месечни примања.
  • Можност за високи бонуси зависно од перформансите.
  • Работа во динамична, модерна и развојна средина.
  • Работно време 09.00ч - 17.00ч, од понеделник до петок.
  • Можност за платени обуки и курсеви.
  • Одлична организациска поставеност и можност за брзо напредување.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »