Специјалист за социјални медиуми

(преземи го огласот како PDF)

Кои сме ние

Пред се, фанови во магијата на видео игрите. Секој од нас, барем во некој дел од нашите животи имал искуство со видео игри, некој дури и на професионално ниво. Но она што тимот на Македонската Еспорт Федерација го прави уникатен, е големата мотивација да се градат шампионски репрезентации во повеќе игри, и следствено на тоа успехот кој досега е остварен. Редовното учество на светските Еспорт првенства во повеќе игри како eFootball, Дота 2 како и двата освоени златни медали во Counter Strike, се мал дел од нашите резултати и признание за она што може да постигне еден тим од посветени професионалци. 

 

Што бараме и што нудиме

На нашиот тим му е потребен некој што ќе ја раскаже приказната на нашите репрезентативни тимови преку користењето на дигиталните платформи.  Тоа значи искуство и вештина во користењето на овие платформи, почнувајќи од социјални медиуми па се до користење на платформите за платено рекламирање, водени од последните трендови и движења на алгоритмите на кои овие платформи се поставени и функционираат. 

 

Нудиме голема флексибилност и автономија во самата организација на работата. Во исто време, зависно во која мера ќе се движат приказните на репрезентациите, се отвораат можности за патување низ светот. Сакаме твоето работното место биде место за вистинска професионална реализација која во исто време ќе биде соодветно финансиски компензирана и на тој начин да создадеме професионален однос одржлив на долг рок.

 

Потребни квалификации

  • Умешност во користење на платформи за социјални медиуми како што се Facebook, Instagram, Twitter, LinkedIn, TikTok и YouTube.

  • Запознавање со алатките за управување со социјалните медиуми како Hootsuite, Buffer, Sprout Social.

  • Високо ниво на писмени и вербални комуникациски вештини.

  • Одлични вештини за пишување и уредување.

  • Способност за испорака на креативна содржина (текст, слика и видео).

  • Разбирање на KPI на социјалните медиуми

 

Придружи ни се на ова уникатно патување со испраќање на твоето CV на [најави се за да го видиш е-маилот] . GG

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »