КОНТРОЛОР ЗА ПРИХОДИ

  • Објавен пред една недела
  • Глобал Гаминг ДООЕЛ
  • Активен до 05.12.2023
  • Позиција: Економист/Сметководител/Ревизор
  • Локација: Скопје
  • Веб: w-slots.mk/

 

Глобал Гаминг, член на “Axel Capital“ групација, која работи на територијата на Македонија и Србија, моментално бара нов член во тимот на позиција контролор на приходи.

Како компанија под брендот “Winner успешно организираме игри на среќа на 22 локации во Македонија и Србија. Дополнително, инвестираме во иновативни проекти од областа на информатичката технологија со висок потенцијал за раст и развој, обезбедувајќи им капитал и нашето долгогодишно искуство. Ние, исто така, управуваме со портфолио на инвестиции во обновливи извори на енергија низ Балканот, вклучувајќи соларни панели, постројки за биогас и хидроцентрали.

Нашата успешна компанија има над 400 вработени, а поради нејзината динамичност и постојан раст, сега бараме амбициозен колега кој ќе му се придружи на нашиот тим на позицијата:

КОНТРОЛОР ЗА ПРИХОДИ

Опис на работно место

  • Собира податоците од приходите на сите деловни подружници во компанијата
  • Извршува контрола на приходите
  • Врши дневни, месечни и шестмесечни извештаи во врска со својата работа
  • Да врши извештаи за потребите на регулаторните тела од областа на игри на среќа
  • Врши дневни и месечни пресметки за потребите на регулаторните тела од областа на игри на среќа
  • Врши статистички и аналитички извештаи

Услови

  • Минимум 2 години работно искуство на слична позиција, ќе се смета за предност доколку има претходно работно искуство во областа на игри на среќа.
  • Високо образование во областа на економијата, финансиите или математиката.
  • Напредно познавање на работа во MS Office, особено напредно познаење на работа во Excel.
  • Аналитичко размислување, познавање на статистичките методи и математичките модели, за предност ќе се смета доколку има познавање со VBA.

Нудиме

  • Приватно здравствено осигурување.  
  • Tим билдинг активности
  • Слободен ден за роденден
  • Можност за личен развој и напредок преку имплементација на нови решенија.

Ве молиме Вашето CV испратите го на електронската адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »