Агенти за продажба на терен

  • Објавен пред една недела
  • Mellon Solutions
  • Активен до 26.04.2019
  • Позиција: Продавач/трговец
  • Локација: Цела Македонија

Активни огласи од Mellon Solutions:

Financial Analyst

Mellon Group е водечка грчка мултинационална групација која нуди специјализирани решенија и услуги со цел да ги задоволи барањата на финансиските институции и другите организации чиј бизнис е насочен кон големи групи на клиенти. Mellon Group е со седиште во Атина, Грција и моментално брои преку 6.000 вработени во 12 земји.

 

Мелон Солушнс Дооел, како дел од Mellon Group, продолжува со успешната соработка со Македонски Телеком АД Скопје и со цел зголемување на продажниот тим има потреба од:

 

Агенти за продажба на терен

[реф. бр. 2019-006Direct Sales]

 

За следните градови / региони:

  • Скопје
  • Струмица
  • Кавадарци
  • Куманово
  • Радовиш
  • Крива Паланка

 

Профил на работната позиција:

  • Реализација на посети кај постоечки и потенцијални клиенти на Македонски Телеком АД Скопје со цел директна продажба на производи и услуги од портфолиото на Македонски Телеком АД Скопје или извршување на сервисни и промотивни активности;
  • Работа на терен во градовите / регионите наведени погоре;
  • Грижа за клиентите и следење на реализацијата на договорите;
  • Обезбедување високо квалитетна услуга преку следење на специфични процедури за работа.

 

Профил на кандидатот:

  • Завршено средно образование;
  • Одлични комуникациски вештини и развиени продажни вештини и моќ на убедување;
  • Претходно искуство во продажба/ директна продажба/ телемаркетинг или грижа за корисници ќе се смета за предност;
  • Основно познавање на MS Office;

 

Услови:

  • Скратено работно време 20 часа неделно;
  • Право на бонус согласно постигнати резултати.

 

Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите предвидени во Законот за работни односи. Мелон Солушнс Дооел го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.

Заинтересираните кандидати треба да ја испратат својата биографија на следната e-mail адреса: jobs.mk@mellоngroup.com најдоцна 5 дена од објавувањето на огласот.

 

Согласно Законот за заштита на лични податоци, по истекот на рокот за избор на кандидатот сите пристигнати биографии ќе бидат уништени.

КЛИКНИ